Home Live Цеца ги направи лом сите од „Ѕвездите на Гранд“, ифpит лута, ама...

Цеца ги направи лом сите од „Ѕвездите на Гранд“, ифpит лута, ама еве како Марија ѝ се пушти на Вики и како ја нарече

Ќерката на Јохан и Соња Тарчулоивски, Мелани, која има 17 години и е исто така пејачка, се претстави на големата сцена на „Гранд“. Таа ги изведе песните „Пожели среќу другима“ и „Тажна љубов среќна песна“.

И покрај големата трема која се слушаше во нејзиниот глас, успеа да се избори и да ја добие наклонетоста на жирито, кое ја награди со 5 гласа, а за свој ментор го избра Ѓорѓе Давид.

Саша Поповиќ во еден момент ја праша дали го познава Ѓорѓе од порано и зошто го избрала него. „Никој не го избра вечерва“ – го насмеа таа целото студио со својот искрен одговор.

„По оваа реченица, среќен ти пат за Скопје, овде нема што повеќе… Ѓоле дали ја сакаш“ – се пошегува Поповиќ.

Инаку, Поповиќ остана без речиси 100.000 евра кои ги вложи во минатогодишниот албум на сопругата Сузана Јовановиќ која доживеа вистински дебакл на пазарот.

Албумот на „јутјуб“ има вкупно 3.562.000 прегледи, што со едноставна пресметка значи дека од него заработил само 3.500 евра.

Имено, албумот на Сузана со девет песни, кој излезе пред повеќе од година и пол, не го наиде на очекуваниот одзив кај публиката, па некои песни од јуни 2021 година се прегледани само нешто повеќе од 100.000 пати, додека најслушаната песна има помалку од милион прегледи.

Иако Поповиќ беше полн со пофалби за ЦД-то на сопругата, на кое собра одличен тим автори како сега покојните Марина Туцаковиќ и Горан Ратковиќ Рале.

Дејан Милиќевиќ беше задолжен за спотовите кои исто така се снимаа во Турција, но ниту една од песните не стана хит.

Па дури ни оние дуети за кои предвидуваа дека ќе ги слушаат многу – со Вики Миљковиќ, Саша Матиќ и Пеѓа Меденица.

Екипата на емисијата „Ѕвезде Гранда“ продолжува со оп-асно темпо, па оваа сабота во Србија ќе се емитува првата емисија од вториот круг на најпопуларното музичко натпреварување на Балканот.

Сега се излегува на виделина, па лесно ќе се види колку менторите работеле со младите пејачи, но и колку натпреварувачите ги слушале и применувале се што им било кажано на пробите.

Веќе во првата емисија од овој круг почнаа жестоките расправии на жирито, а сите френетично се борат нивните кандидати да се пласираат во следниот круг од натпреварувањето.

Цеца на самиот старт на шоуто многу се налути, па на сите им одржа лекција за паметење, но на колегите од жирито им порача да не бидат толку строги со кандидатите бидејќи се уште е самиот почеток на натпреварот.

– Секако, не се согласувам со жирито, сега сите ли треба да пеат како Павароти и сите да направат големи кариери како Павароти, што тоа не е точно – изјави Цеца која не можеше да го сокрие бесот.

Како што одминуваше шоуто, страстите се вжештуваа, па Марија и Вики жестоко се расправаа за кандидат кој е во тимот на Виолета.

– Изгледаш како да си дојден да доставиш нечија пошта, не мислам на гардеробата, туку на говорот на телото – рече Марија, а Вики не можеше да остане имуна на овие зборови, па жестоко одговори:

– Момчето не пее, туку гради монтажни куќи и не пее. Допрва што ќе почне да пее, не може се да научи за два дена – рече Вики, а Марија во свој стил ја заврши дискусијата:

– Веќе ли почна чавко една? А ти момче разбуди се убаво или земи чекан и гради куќи – заклучи Марија.

Previous articleХелена Роза како во најдобрите времиња- ги покажа нозете и докажа дека жената која се негува, не старее (ФОТО)
Next articleСпасе од Сител објави слика со Лила од пред 13 години: Преубави бевме и останавме (ФОТО)