Home Live Милена од Канал 5: Ми велат дека и на 36 години си...

Милена од Канал 5: Ми велат дека и на 36 години си газам (ФОТО)

ТВ водителката од Канал 5, Милена Антовска Станковска на своите следбеници на Инстаграм им откри дека и на познатите не им се се’ така розово како што изгледа на социјалните мрежи.

Имено, таа искачувајќи го Водно се снимашее на неколку „стори“ на својот профил и откри дека не се чувствува баш најдобро поради анкси озноста која ја чувствува.

Милена имаше прашање до сите оние што ја погледнаа објавата, а тоа е што практикуваат за да ги избистрат главата и мислите?

Нејзината техника беше опуштање во природа и слушање музика, а одговорите кои ги доби имаа разни начини и методи како да си помогне бидејќи како што откри мака мачи со оваа своја состојба“, објави Вистина во една прилика.

-Луѓето кај нас сметаат дека кога една жена ќе се омажи, ќе основа семејство, ќе има деца, треба само на тоа да се фокусира и ако е можно да не се врати на работното место, посебно кога станува збор за јавна професија.

Јас воопшто не се согласувам со тоа. Се вратив на работа после Лана Марија, ќе се вратам на работа и откако ја родив Јоана, откако ќе ми заврши породилното отсуство.

Не само повозрасните, туку има и помлади луѓе коишто сметаат дека местото на жената е дома. Не знам за колку години ќе се искорени тоа, но сметам дека луѓето треба да сфатат дека жените се еднакви со мажите.

Најсмешен коментар ми е дали мажот ти помага. Не, не ми помага. И тој живее во таа куќа и тој е родител на тие деца, и треба заеднички се да се прави“, изјави Милена во една прилика за порталот Приказна.

Таа е инаку мајка на две деца, Лана Марија која има пет ипол години и Јоана, која се роди на 14 јануари. Симболично е што и двете деца на Милена се родени на големи празници. Постарата ќерка Лана Марија е родена на 28 август, на Голема Богородица, а Јоана на Василица.

-Може да биде штетно многу, посебно кај младите девојчиња коишто се преоптоварени со тоа дека сите треба да бидат високи, слаби, треба да имаат мускули, долга коса, трепки, уста.

Сето тоа е влијание на социјалните мрежи, и тоа многу. Родителите треба да направат нешто за да ги заштитат своите деца. Ние не можеме да се оттргнеме од тоа. Социјалните мрежи постојат и ќе постојат.

Не секоја девојка треба да биде висока, слаба, да има голема уста, мал нос, големи трепки итн. Жената е убава сама за себе и само среќна жена е убава жена.

Не мора да биде таа совршена фигура како што налагаат светските стандарди. Мислам дека родителите се тие кои треба многу паметно да изиграат, и тоа не само за девојчињата, туку и за момчињата.

Момчињата исто така следат некои правила, коишто ако ги следат, им наметнуваат тренд да бидат популарни, почитувани итн. Колку и да сакаме да ги почитуваме различностите, и во овој правец се оди во крајност.

Да, секоја личност си е засебна. Некој има помалку некој повеќе килограми, но не треба да значи дека прекумерната телесна тежина треба да биде во ред, од аспект дека штети на здравјето.

Со прекумерната телесна тежина подоцна можни се проблеми со шеќер, црн дроб итн.

Жената треба да биде среќна со самата себе. Ако таа е среќна со 10 килограми повеќе тогаш е во ред. не треба друг да каже ти си дебела за оваа професија, или премногу стара или млада.

Јас лично сметам дека треба да си намалам малку од телесната тежина којашто ја имам сега, затоа што сум цел живот научена да бидам малку послаба.

Но, со оглед на тоа дека само неколку месеци се поминати од мојата втора бременост, сите ми велат нормално е да имаш малку повеќе килограми, и стомакот да не е спласнат, па ќе почекам уште некој месец.

Ако треба и нешто ќе преземам, но пак ќе кажам, затоа што јас така сакам, не затоа што сум роб на тие некои стереотипи и предрасуди. Еден апел до сите, да си го слушаат своето внатрешно јас, да си ги гледаат луѓето околу себе, и да се обидат да бидат среќни со тоа што го имаат и поседуваат.

Ако не се моментално среќни, да направат нешто за да бидат среќни“; раскажа Милена за Приказна.мк минатата година. Познато е дека таа е добра пријателка со Ване Маркоски со кој заедно работеа во Канал 5 ТВ.

На Милена денес ѝ е роденден, и Ване на интересен начин кажа колку му е важно нивното пријателство. На Фејбук, објави спомен со заедничка слика од Милена и порача:

-Денеска некој слави роденден. За вакви пријателства ви зборам“. Со ова Ване уште една докажа колку Милена му е важна во животот, и колку нејзиниот голем ден е голем и за него исто така.

Милена пак, објави фотографии од прославата со колегите во телевизија и напиша:

Previous articleСтојне никогаш позгодна, се раслече и ги покажа слабите нозе, па рече наскоро повеќе информации за нашинците од Германија (ФОТО)
Next articleВреме за нас- Коки Јанков ужива во базен и во спа центар, во вакво издание не сме го виделе (ФОТО)