Home Live Во ептен фраерско издание, Ирена Спировска гордо го прошета својот Душко, а...

Во ептен фраерско издание, Ирена Спировска гордо го прошета својот Душко, а еве зошто се вљубила во него (ФОТО)

– Како дете членував во извиднички клуб и верувам дека токму оттука потекнува љубовта и страстта кон планините“, рекла во едно интервју нашата позната водителка Ирена Спировска, која е страстен планинар.

-Највисокиот врв во поранешната југословенска држава (Триглав,2864 мнв) го искачив кога имав 22 години.

Планините се моја прва и најголема љубов. Индор спортските активности премногу ме асоцираат на канцеларија, ми пречи чувството дека сум ограничена и затворена.

Планината нуди слобода, широчина, неограничени хоризони, прекрасни глетки, неверојатни пејсажи, спокој кој ретко се наоѓа било каде на друго место. Здравата исхрана секако во голема мерка придонесува за добра форма и кондиција на секој човек.

Спортувањето и здравиот начин на исхрана идеално се надополнуваат и овозможуваат да се чувствувате убаво и витално“; рекла Ирена во Женски магазин, а потоа додала:

– Секоја активност носи одредени ризици. За среќа досега не сум имала некое посериозно лошо искуство на планина, освен скршнување од патеката поради магла или силен ветер што обично може да се случи за време на зимските искачувања.

Највисокиот врв на кој сум се искачила е Мусала (2925 мнв) кој воедно е и највисок врв на Балканот,што значи дека не сум била на врв повисок од 3000 мнв. Нормално колку е повисока планината толку се поголеми и ризиците.

Потоа, зборувала и за својот изглед кој со години нели е беспрекорен и имате чувство како Ирена да не се менува никогаш. Верувале или не, таа има 49 години, и за свокот изглед рекла:

-Свесна сум дека веќе се гледаат првите брчки на моето лице и дека со тек на времето ќе ги има се’ повеќе. Стареењето го дожививам како природен и нормален процес.

Вечната младост е илузија која актуелните трендови и корективните медицински третмани ја промовираат и поткрепуваат. Мислам дека е тоа бегање од реалноста и од себе си“.

-На модните писти зачекорив кога имав 17 години,како дел од подмладокот на модната агенција Моделс Ин. Од старт се чувствував удобно и пријатно пред камерите и фото објективите.

Кога наполнив 18 години се пријавив на аудиција во МРТВ и за многу кратко време сфатив дека работењето во телевизија е многу покреативно отколку чекорењето по модните писти.

Реално, за мене телевизискиот ангажман во тоа време беше многу повеќе еден интересен и забавен начин да заработувам џепарлак за студентските денови, отколку сериозна амбиција и желба за долгогодишна кариера.

Но како што минуваа годините, така се зголемуваше бројот на проектите ,обврските и ангажманите, а со тоа растеше и моето искуство и љубов кон работата. И еве, таа љубов трае цели 30 години“, изјавила Спировска.

Национална опера и балет објави слики на својот Фејсбук профил од концертот за Василица кој вчера се одржал и настапиле познати оперски имиња од Македонија и пееле познати оперски арии.

И на концертот дошле доста видни имиња во публиката,а меѓу нив била и Ирена Спировска, што може да се види од сликите кои се објавени на страната на операта. Нејзиниот Душко Исајловски, бил облечен ептен фраерски.

А и Ирена секако, доста елегантна и во свој стил. А, во една прилика, таа има кажано зошто се вљубила току во Душко. Кога Ана Бунтеска и го поставила следново прашање:

ШТО ТЕ ПРИВЛЕЧЕ КАЈ НЕГО ШТО ОПСТОЈУВА И ДЕН-ДЕНЕС, СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО СТЕ ВЕЌЕ ДОЛГО ВРЕМЕ ЗАЕДНО, Ирена одговорила кратко ама кажала се: Се препознав себе си во него.

Фото: Фејсбук профил на Национална опера и балет

Previous articleВистинската, тажна животна приказна на Тома Здравковиќ- овие детали ги немаше во филмот за него
Next articleЕ во вакво издание, ќерката на Мишо Ковач досега не сме ја виделе, ова парче тешко дека може и сукња да се нарече (ФОТО)