Home Live Заспал на сцена, го покриле со само едно ќебенце-необична приказна на нашиот...

Заспал на сцена, го покриле со само едно ќебенце-необична приказна на нашиот познат актер

Александар Микиќ е едно од нашите најнаградувани актерски имиња. Тој од 1997 година е дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, а паралелно со илјадниците одиграни претстави во изминативе 25 години има и низа филмски улоги.

Најактуелен ангажман на големото платно му беше на последниот филм на режисерот Милчо Манчевски – „Кајмак“, каде што ја игра улогата на Карамба“, објави во своот нов текст Факултети.мк за нашиот познат актер.

Таму, се раскажува интересната приказна на Микиќ, кој е инаку сопруг на Весна Станојевска- Микиќ која е исто така актерка, но и харфистка, и се родители на близнаци, машко и женско кои инаку одат во второ одделение.

– Бракот е заедница помеѓу двајца луѓе. Таа заедница би функционирала и како цимерлук, доколку ја нема љубовта. Љубовта е нешто што во секој брак треба да го има, затоа што тоа е движечка сила на целиот свет, не само на бракот.

Сега за сега љубовта ни годи (се смее). Децата само ни го збогатија овој момент, ни даваат нова смисла, ново значење на целиот наш заеднички живот – рекол Александар во една прилика за Фешнел.

-Кога се родија, на почетокот најтешко ми беше со таа тетра пелена што ја нарекуваат. Тоа не можев да го намотам. Сега искрено ги совладуам сите работи со леснотија, ништо не ми е тешко, само некогаш уморот и неспиењето прават да се чувствуваш исцрпено.

И успивањето знае да биде проблем. Но, ако мене не ми оди, еве го доаѓа Микиќ и го решава проблемот (се смее).

Многу често и сум сама, односно со мајка ми, бидејќи тој има често проби, некогаш и вечерни, ама ете имам сила и љубов и не можам да се пожалам, кажала Весна кога ецата биле мали за истиот медиум.

-Кога бев дете, моите задолжително за Нова година купуваа природни елки. Тогаш се китеа такви. Татко ми купуваше елка до плафон, врвчето едвај стоеше, беше многу накитена.

И не можев да дочекам Дедо Мраз следното утро нели, на први, да донесе пакетче. Станував прв и трчав да видам дали ме послушал во писмата што сум ги пишувал.

Генерално, многу ги сакам овие празници, бидејќи почнувајќи од Св. Никола, што ни е домашна слава, па католички Божиќ, бидејќи дедо ми од на мајка ми страната го празнуваше, па од татко ми православен, постојано имаше празнично расположение.

Тој период ми е во многу убаво сеќавање. Во секоја од куќите кога одевме (кај дедовците или кај моите), беше прекрасно. Се надевам дека и моите деца ќе имаат такви убави сеќавања.

Иако е студено времето, ја паметам топлата атмосфера. Многу убаво. Сега дома имаме и каминче, така што, правиме да им биде како од бајките – раскажува Микиќ. Во Факултети, во новото интервју тој раскажал:

-Сакав да учам хортикултура и затоа се запишав на Земјоделски факултет. Таму сфатив дека со хортикултура ќе се занимавам само една година од целото студирање и некако ми се виде како губење време, не ми се виде креативно.

– Татко ми беше доктор, а мајка ми професор по македонски јазик. Фамилијарно немам допирна точка со глумата и уметноста, но сепак кај нас откако паметам за себе, 24/7 свиреше радиото.

Во средно школо, во „Корчагин“, имавме театарска група. Тогаш беше многу популарен МОТ. Одевме често на претстави и бевме една бунтовна генерација која сакаше своите идеи, мисли и гледања на светот да ги изрази јавно и некако театарот ни се виде најпогодно место за тоа.

МКЦ во тоа време ни излезе во пресрет, ни даде простории, ни рече вежбајте, правете што сакате – вели Микиќ.

– Се случувало и да преспиеме некогаш во МКЦ, па да дојдат тетките што чистат и да нѐ покријат со некое ќебенце така заспани, откако цела ноќ сме работеле и некаде пред да се раздени сме заспале“, се присетил овој наш познат актер.

Previous articleВреме за нас- Коки Јанков ужива во базен и во спа центар, во вакво издание не сме го виделе (ФОТО)
Next articleСе огласи Филе- Топки, на необичен начин ја раскажа својата животна приказна