Home Live Маријана Новачевска раскажа зошто не оди на „вежбање“

Маријана Новачевска раскажа зошто не оди на „вежбање“

Маријана Новачевска е доста активна на својот Фејсбук профил каде речиси секојдневно пишува статуси за тоа како се чувствува, а понекогаш се шегува, но објавува и емотивни објави,

Сите слики кои Маријана ги објавува на Фесјбук, се среќни, со позитивен дух и природни. Она што ја краси оваа дама е нејзината насмевка и она што како никогаш да не се менува во текот на годините.

Пред некое време, Маријана објави нова слика. Дотерана, нашминкана, со преубав ѓердан. За овој нејзин изглед коментираа многумина, а меѓу нив е секако и нејзината сестра Росана, која го пофали изгледот на сестра си.

– Душо моја, лепотице моја, икона моја“, нашиша Росана во еден коментар, а потоа продолжи и во друг: Душо моја. Маки, таги во животот, а ти секогаш насмеана. Ти се дивам, ти се поклонувам“, напишала Росана.

Маријана во коментар потоа раскажала една мала приказна, за тоа зошто изглед толку добро, од каде ѝ е ѓерднот, но открива и приказна за своето здравје, тоест кој ѝ помогнал да се исправи на нозе:

– Благодарам на сите. Бев во продавница и си купив фустан. Ланецот го позајмив од мојата срцка Татјана. Вештите раце на нашиот масер Видан ми ја исправија кичмата за да можам да заиграм. Златните раце на ќерка ми Магдалена нафрлија индијански бои/ шминка на моето лице.

Роденденската прослава на нашиот колега Секо беше прекрасна и весела. Ресторанот Пиер 35 и нашата Џеки со беспрекорен дочек и вкусна храна ме воодушевија.

Насмевката е лично моја упатена до сите вас“, напиша Маријана во коментар.

За сестрата близначка, Росана Сариќ – Тодоровска има изјавено  дека тие две се една душа во две тела. За нивните големи хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ народот одлучи да станат евергрини.

Со својот вокал, харизматична појава, песните и скромноста, Росана Сариќ – Тодоровска важи за една од омилените фолк и поп пејачки кај публиката за сите времиња.

-Ние две сме исти, слични, но и различни. Можеби чудно звучи, но така е. Јас секогаш сум била помирна, попедантна за сѐ, а таа попалава во секој поглед.

Инаку јас сум постара 15 минути. Јас повеќе сакав и се трудев да помагам на мама, а таа секогаш се извлекуваше со изговор дека има за учење, хахаха.

Но, во душата и за ред други размислувања сме исти.

Таа отсекогаш била вицкастата, а јас сериозната. Јас животот би го дала за неа без размислување, но длабоко знам дека и таа истото би го направила за мене. Никогаш не сме се карале ниту пак сме имале потреба од тоа.

Клучот на успехот на Маријана и Росана е нивниот талент за добро пеење, интересноста како близначки, и прекрасните песни- евергрини напишани од рацете на еден од најдобрите, ако не и најдобар композитор, Тоде Новачевски.

Спомени од детството со Маријана имаме безброј, но овој некако е најинтересен. Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме со нашите другарчиња. Но, таа секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома.

Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана“, раскажа Росана во една прилика во Женски Магазин, за својата сестра Маријана.

Откога почна годинава, Маријана секојдневно објавува интересни статуси по повод празниците, јадењето, вежбањето…

Пред неколку денови таа напиша: „За овие неколку поминати празнични денови само уште елката и украсите ги немам изедено. Гордост моја,“ а потоа следеше и статус:

„Драги мои пријатели, Ви посакувам, СИБИРСКО здравје, ЕВРЕЈСКО богатство, ФРАНЦУСКА љубов, РОМСКА секирација, а сѐ друго останато можете да го најдете кај КИНЕЗИТЕ.“

Маријана во својот најнов статус се пошегува и за тоа дека не ѝ се вежба и не е заинтересирана во тоа поле:

„Зошто не одам во теретана да вежбам

1.Паркингот за колата е многу далеку. 2. Не даваат да се пуши и не служат кафе. 3. Не сакаат да ме влечат за раце додека правам трбушњаци, а платив да сум таму.

4. Немаат чоколатциња за мотивација. 5. Се потам и огладнувам. 6. Се нервирам многу кога ќе видам совршено градени тела и делови од телото. 7. Фризурата секогаш ми е разлетана.

А и татко ми ми кажа дека мускулни и набиени тела не се за жени,“ напиша Маријана, а во коментарите доби посебен комплимент: „Не мора секој да биде слаб, некој мора да биде и убав,“ на што Маријана врати:

Јас не сум ниту слаба, ниту многу дебела, ниту убава… Некоја чудна раса и мешавина сум.“

Previous articleTaтјана и Новица се јавија од плажа со децата, убава фамилија, синовите метнати на тато Новица (ФОТО)
Next articleПограциозна не била никогаш: Ирена Спировска треба да биде горда на ова дело (ФОТО)