Home Live Пограциозна не била никогаш: Ирена Спировска треба да биде горда на ова...

Пограциозна не била никогаш: Ирена Спировска треба да биде горда на ова дело (ФОТО)

Со години наназад, Ирена Спировска е една од нашите најдобри и најпознати водителки. Таа изгради успешна кариера во медиумскиот простор.

Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена.

– Како дете членував во извиднички клуб и верувам дека токму оттука потекнува љубовта и страстта кон планините“, рекла во едно интервју нашата позната водителка Ирена Спировска, која е страстен планинар.

-Највисокиот врв во поранешната југословенска држава (Триглав,2864 мнв) го искачив кога имав 22 години.

Планините се моја прва и најголема љубов. Индор спортските активности премногу ме асоцираат на канцеларија, ми пречи чувството дека сум ограничена и затворена.

Планината нуди слобода, широчина, неограничени хоризони, прекрасни глетки, неверојатни пејсажи, спокој кој ретко се наоѓа било каде на друго место. Здравата исхрана секако во голема мерка придонесува за добра форма и кондиција на секој човек.

Спортувањето и здравиот начин на исхрана идеално се надополнуваат и овозможуваат да се чувствувате убаво и витално“; рекла Ирена во Женски Магазин, а потоа додала:

– Секоја активност носи одредени ризици. За среќа досега не сум имала некое посериозно лошо искуство на планина, освен скршнување од патеката поради магла или силен ветер што обично може да се случи за време на зимските искачувања.

Највисокиот врв на кој сум се искачила е Мусала (2925 мнв) кој воедно е и највисок врв на Балканот,што значи дека не сум била на врв повисок од 3000 мнв.

Нормално колку е повисока планината толку се поголеми и ризиците.

-Свесна сум дека веќе се гледаат првите брчки на моето лице и дека со тек на времето ќе ги има сѐ повеќе. Стареењето го дожививам како природен и нормален процес.

Вечната младост е илузија која актуелните трендови и корективните медицински третмани ја промовираат и поткрепуваат. Мислам дека е тоа бегање од реалноста и од себе си“.

-На модните писти зачекорив кога имав 17 години,како дел од подмладокот на модната агенција Моделс Ин. Од старт се чувствував удобно и пријатно пред камерите и фото објективите.

Кога наполнив 18 години се пријавив на аудиција во МРТВ и за многу кратко време сфатив дека работењето во телевизија е многу покреативно отколку чекорењето по модните писти.

Реално, за мене телевизискиот ангажман во тоа време беше многу повеќе еден интересен и забавен начин да заработувам џепарлак за студентските денови, отколку сериозна амбиција и желба за долгогодишна кариера.

Но како што минуваа годините, така се зголемуваше бројот на проектите ,обврските и ангажманите, а со тоа растеше и моето искуство и љубов кон работата. И еве, таа љубов трае цели 30 години“, изјавила Спировска.

Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење.

Македонската водителка Ирена Спировска ужива во љубовната врска со нејзиниот партнер, Душко Исајловски.

Таа често на социјалните мрежи споделува фотографии од нивните искачувања по планини, но сега изненади со малку поинаква фотографија.

Таа со својот партнер Душко и со пријател се искачи на врвот Магаро на планината Галичица, но тоа не е единствениот нивен врв.

Водителката ретко на социјалните мрежи споделува фотографии од своето семејство, но еднаш направи исклучок и на „стори“ фотографија со братот Борче.

„Братска – сестринска љубов“ напиша таа како објаснување. Инаку, ова е сестрата на Ирена, Јелена за која многумина тврдат дека премногу си личат.

Ирена на својот Инстаграм профил објави дека извесна страница која ги претвора фотографиите во портрети, направиле извонреден портрет од нашата најубава водителка.

Имено, тие ја одбрале фотографијата на Ирена каде што изгледа многу грациозно, како кралица, на сликата се истакнува и нејзиното деколте.

Спировска е поим за убавина, а доколку водителката си ја испринта фотографијата и си ја закачи на ѕид, ќе ѝ го краси целиот дом, бидејќи навистина изгледа неверојатно.

Previous articleМаријана Новачевска раскажа зошто не оди на „вежбање“
Next articleТрифун Костовски откри како ги направил првите пари: Уште тогаш видов дека ме бива за бизнис