Home Live Taтјана и Новица се јавија од плажа со децата, убава фамилија, синовите...

Taтјана и Новица се јавија од плажа со децата, убава фамилија, синовите метнати на тато Новица (ФОТО)

Татјана Лазаревска и сопругот Новица Василевски живеат во Австралија, со синовите Петар и Стефан долги години се разделени од своите семејства во Македонија.

Но и тие, колку што можностите дозволуваат доаѓаат дома во татковината кај наблиските. Татјана има мајка, Снежана, а татко ѝ за жал го има напуштено овој свет.

За болката откако останала без својот татко, во една прилика, Татјана ја има раскажано целата приказна, во Женски Магазин за тоа како се тешела по оваа голема загуба.

– Вечерта кога татко ми си замина имав настап во Гостивар. Го откажав, тоа беа најтажните моменти во животот. После две недели имав настап кој беше претходно закажан, можев да го откажам, но не го сторив тоа.

Знаев дека микрофонот ќе ми биде лек за големата болка. Кога се качив на сцената и почнав да пеам, се обидував да бидам весела и да се контролирам да не заплачам, за да не го нарушам расположението на луѓето.

Направив убава атмосфера. Кога му кажав на газадата на локалот за мојата болка, тој не можеше да поверува колку професионално го изработив мојот настап.

– Единствено заплакав кога настапив истата година на „Прилеп фест„ Таму ја пеев песната „Мојот ангел„ која му ја посветив на татко ми. Болката и емоциите ме победија.

Му благодарам на Господ што ми даде ваква дарба да пеам и да ја работам оваа работа. Животот е падни – стани. Кога ми е тешко, а сум дома се случува да се однесувам поемотивно и да се расплачам на моменти.

Но, само што ќе тргнам на настап го исклучувам „копчето за емоции“ и по автоматизам станувам весела и расположена за песна“, раскажа за Женски Магазин, Татјана.

Во интервју за „www.svet-australia.com“ проговори за својот живот во Мелбурн, како го поминува времето, за музичката кариера, за семјниот однос со сопругот.

-Времето во ков ид е предизвик за сите луѓе, барем јас така мислам. Старата изрека вели:

„Во мака се познаваат јунаците“. Фала му на Господ, јас и моето семејство сме добри. Работиме, па деновите во карантин ни поминуваат побрзо.

Мислам дека до крајот на годината некои работи ќе се вратат во нормала, и дека јас и мојата верна публика повторно ќе уживаме во музиката која е лек за се’, рече Татјана на почетокот на пандемијата.

Но, за жал Австралија после тоа имаше уште неколку строги карантини.

-Со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учителка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на сѐ што се случува во светот“.

Точно, се пресилив во Австралија, а главна причина беше: на децата да им даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија.

-Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.

-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира таа, во една прилика.

Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им оди супер, а Татјана често објавува видеа во живо како настапува.

Кај Татјана и Новица во Австралија моментално е лето и тие си уживаат во топлото време, а како фамилија заедно со синовите Петар и Стефан ги поминуваат слободните денови на плажа.

Синовите се нивната најголема среќа, а по повод празникот Василица, Татјана објави семејна фотографија. Всушност, нашата пејачка ретко објавува слики од целата нејзина фамилија, најмногу ги гледаме неа и сопругот Новица.

Во описот на фотографијата, Татјана порачала: „Среќни празници од Василевски“, а судејќи по фотографијата може да се забележи дека синовите се метнати на тато Новица.

Previous articleНе одам на шошинг без 30 илјади евра, и им се смеам на жените што готват- Најбогатата Србинка што го зборуваше ова остана без својата луксузна вила
Next articleМаријана Новачевска раскажа зошто не оди на „вежбање“