Home Live Пријател опиша како живеат Илина и Игор, кога Илина е во Македонија,...

Пријател опиша како живеат Илина и Игор, кога Илина е во Македонија, еве за што му се лути таа

Во емисијата за Слободна ТВ, Игор Џамбазов проговори што би направил ако биде ставен 3 дена на власт.

-Па, мислам дека нема човек што не помислил да не е на власт. Ако сериозно ме прашуваш, сериозно ќе ти одговорам, му рече на водителот.

За да функционира било каква институција, има ред и поредок. Во влез има, куќен ред, а за да дојдеш до тоа, треба да знаеш кои се станарите, кој купил стан во овој влез.

Значи, попис, ама глеј сега. Луѓево мислат дека правиме попис за да дознаеме колку имало Албанци во Македонија. Дечки, значи немојте да се залажувате.

Значи прво се прави попис, толку Македонци, толку Албанци и Турци, толку Индијанци, сè што има. Битно е кој што има, како го спечалил, од каде му се парите да го спечалил тоа, дали има документ за такво нешто.

Еве јас ќе го направев ама нема да се кандидирам, низ смеа кажа Игор.

Потоа, проговори каква Македонија сака Игор, а тој рече дека му фалат некои работи од минатото.

-Онаква, каква што имавме ние во детството. Кога можев безбедно да се шетам во Старата Чаршија во три часот наутро.

Кога имав плата колку министрите, кога сакаа да ме дружат многу повеќе отколку сега, тогашните политичари, но јас и тогаш и сега ги игнорирам лошите луѓе.

Не секој лош човек станува политичар, и добрите стануваат политичари. Ама политиката е од женски род, ги олошува луѓето, рече Игор во Слободна.ТВ.

Колку е Игор заљубен во Илина, докажува секоја негова објава која е посветена за неа. Тие објави се напишани со голема уникатност и нежност, па по тоа се гледа колку им е навистина добра врската, па макар и на далечина.

-Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.

И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот, – раскажува Џамбазов.

Таа е сега во САД, во Тенеси, на докторски студии, за кои рече дека добила голема поддршка од нејзиниот партнер, Игор Џабазов.

Илина за Женски Магазин раскажала за предноста на студиите во Тенеси, и за патувањата кои ѝ се приоритет.

Ја долови важноста и интересниот дел од нејзината работа како професор, а откри и за животот во малото студио со позајмен телефон, и за она што прво ќе го направи кога ќе се врати дома.

– Овде сум веќе четири месеци и зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години.

Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна, но со позицијата како професор со полуработно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.

Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас. Сега сме пред самиот крај на првиот семестар што е добар знак, бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.

Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.

Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области.

Јас одамна ги завршив студиите кај нас. Имено магистрирав во 2008 и токму затоа ова не беше лесен чекор. Додека студирав бев навистина задоволна и од студиите кај нас, иако не сум сосема во тек како се денес.

-Моите блиски мислам дека можеби и го очекуваа ова бидејќи докторските студии подолго време ми беа во план, но никако да стигнат до приоритетната позиција која секогаш беше резервирана за планински експедиции.

Тие самите понекогаш ќе ме потпрашаа, до каде е мојата идеја за докторски, и самите паметат дека последно бев во преговори со Универзитетот во Тарагона некаде во 2017 година, кога повторно други работи добија приоритет, па некако таа идеја привремено избледе.

За Игор можеби ова беше шок, иако тој тоа вешто го крие и секогаш ми дава неизмерна поддршка во моите одлуки. Дури и за карпите кои верувам не се негови омилени, ќе ми рече: „Те поддршувам, иако никогаш нема да можам сосема да те разберам“, изјавила Илина.

Игор објави нејзина слика на Инста стори на која е доста весела, и напиша: Ми недостасуваш очајно. Овие зборови ги напиша на англиски јазик, и ѝ ги упати на голем празник, токму на Бадник.

Игор неодамна објави видео како се бричи и го пуштил познатата дело Севилскиот бербер од Џоакино Росини. Игор си пееше ја мелодијата на оваа позната опера и се избричи пред очите на неговите следбеници.

Сега, тој веќе нема брада, а имаше доста коментари на ова видео на Инстаграм, кое ги орасположило неговите пријатели. „На здравје бричење“, вели еден од коментарите, а некои му рекле и дека треба да си ја среди косата.

Имено, по ова се огласи и извесен пријател на Игор и Илина кој ги познава какви се кога се заедно и во статус на Фејсбук кажа за што најмногу Илина му вика на Игор:

-Го гледам Игор Џамбазов како ноншалантно си се бричи у дневна пошто Илина не му е тука, иначе на првото брммм од машинката ќе јадеше усисивач у глава со реченицата “мрш у купатило“

Previous articleШест илјади евра за само едно модно парче, а кај се чизмите и костумот- Карлеуша со прескап и оригинален стајлинг (ФОТО)
Next articleСе шушка дека Емина Јаховиќ има нов дечко и подготвена е за нова љубов, познатата пејачка ги изненади сите со овој потег (ФОТО)