Home Live Се огласија од „Срце на дланка“ – знаеле за минатото на Тале,...

Се огласија од „Срце на дланка“ – знаеле за минатото на Тале, но потсетуваат на една мудрост: „Кој никогаш не погрешил, нека го фрли првиот камен“

По се оба што се случи минатите неколку дена, кога во јавноста се појавија информации дека се собирале донации за човек кој можеби манипулирал, се офласија од проектот „Срце на дланка“, кои исто така беа прозивани:

„Почитувани, Овие неколку дена не реагиравме на провокациите кои беа упатени кон емисијата и последниот случај кој беше емитуван. Нашиот став позади кој стоиме и ќе продолжиме на ист начин со хуманоста во проектот “Срце на Дланка”.

„Срце на дланка“ е хуман и благороден проект кој веќе трета година работи во интерес на подобрување на животот на семејства од социјален ризик.

Досега сме посетиле повеќе од двесте семејства со најразлични проблеми. Ни се јавиле и помош побарале луѓе со сериозни здравствени проблеми, луѓе кои донеле погрешни одлуки во животот, луѓе кои некогаш имале сè но поради сплет на околности, несреќа или порок останале без ништо.

За нас, сите заслужуваат подеднаква шанса да поверуваат во надежта за подобро утре и да се сретнат повторно во својот живот со хуманоста на граѓаните, поддршката, разбирањето и благородноста на човечноста.

Не судиме никого и ничие минато, туку се водиме од човечкиот порив да се помогне секој во неволја, бидејќи знаеме дека денес е многу лесно да се најдеш во безизлезност.

Сите кои ја побарале нашата помош и се понудиле да го стават своето срце на дланка, имале разговор со нас во кој ни ги објасниле причините, поради кои се наоѓаат на тешко место во животот во тој момент.

И на сите сме им подале рака, бидејќи тоа е човечки и тоа е најмалку што можеме сите ние да направиме, без да судиме.

Покрај луѓето кои доаѓаат од сиромашни семејства или ги нашла некоја зла судбина, имало (и ќе има) и луѓе кои направиле погрешни избори во животот.

Ние веруваме во сечие право да се добие прилика и да се учи од грешките, а тоа полесно се прави кога човек во мака ќе ја почувствува љубовта и грижата на други луѓе, за него непознати, но сите до еден, со еден заеднички именител: благосостојба и хуманост.

Сите наши дарители се луѓе кои сочувствуваат со оние кои дошле во ситуација јавно да замолат за хуманост и помош, бидејќи знаат дека и тие се луѓе, и тие заслужуваат подобар живот од оној кој го имаат моментално.

„Кој не погрешил никогаш, нека го фрли првиот камен“ е животна филозофија од добрите книги по која се водиме секојдневно.

Меѓу луѓето со кои сме се сретнале во текот на нашата хумана мисија, има и луѓе кои биле или се во за твор, местото кое по дефиниција е казнено-поправен дом во кој освен што ќе ти биде одземена слободата поради грешката која си ја сторил, имаш и шанса да се поправиш и да продолжиш да живееш нормално.

Зарем човек нема право на понатамошен живот, ако згрешил? Зарем ако бил коцкар и должник кој на пример се соочува со болест, докторот не смее да го прегледа и лекува, бидејќи имал сомнително минато? Зарем во затвор не треба да им се дава храна на затворениците? Зарем ако некој згрешил во минатото, не заслужува втора шанса?

Ставот на емисијата бил и ќе биде дека секој граѓанин кој се чувствува лошо и загрозено, има право да се пријави во нашата емисија и да побара да му се помогне. И ние ќе сториме сè што е во наша моќ, да им помогнеме на оние на кои најмногу и навистина им треба голема помош, малку надеж и многу љубов од сите нас.

Се разбира дека сметаме дека донациите треба да се искористат рационално и наменски, а луѓето кои се дел од емисијата, да започнат подобар живот.

Впрочем и постојано објавуваме успешно завршени приказни за дарителите да знаат дека правилно и на вистинско место ги вложиле своите средства.

Донациите што се донирани, досега не биле злоупотребени. Во повеќе од 90 проценти, луѓето имаат поубав живот. Направиле куќа, реновирале дом, добиле стан, ги собрале потребните средства за лекување, платени им се сметките за струја и долговите, живеат подостоинствено.

Нашиот став е дека секој има право на нормален живот и тој став на емисијата нема да го менуваме. Бидејќи едноставно за нас, сите луѓе се исти. Ниту сме правеле, ниту ќе правиме поделба и дискриминација на луѓето, по ниту еден основ, особено не за она што тие луѓе некогаш биле и поради која причина биле такви во минатото.

Кај нас и за нас, сите се исти и секој има право да се покае, да побара помош и да го стави своето срце на дланка.

Тука ќе наиде на хуманост, љубов и несебичната помош на сите искрени, чесни, добри хумани луѓе. Бидејќи никој од нас не е „осамен остров среде океан“. И не смее да биде.

Со почит, Редакцијата на „Срце на дланка“

Previous articleТрифун Костовски откри како ги направил првите пари: Уште тогаш видов дека ме бива за бизнис
Next articleТамара се преполови, но остана едно нешто што не се намали кај неа, на оваа слика е ептен различна (ФОТО)