Home Live Cпиеш ли миро Александpа Пријовиќ, кога Милена Антовска во вакво фустанче запеа...

Cпиеш ли миро Александpа Пријовиќ, кога Милена Антовска во вакво фустанче запеа твоја песна? (ФОТО)

Таа е ранобудна девојка која во утринските часови ја гледаме на телевизијата Канал 5. Секогаш насмеана и позитивна успева да го привлече нашето внимание.

Милена Антовска за читателите на ubavo.mk зборува за нејзината работа, дестинациите кои ги сака, книгите кои ги препрочитува.

– Пред повеќе од 14 години прв пат се појавив на екраните. Имав трема нормално, затоа што немав искуство, но со тек на време се ослободив од таа трема и почнав да се чувствувам како дома.

Кога си природен и искрен со гледачите тие го чувствуваат тоа и враќаат со иста мера. Телевизијата е таков медиум што бара и сака убави и негувани лица.

Еден од предусловите треба да е тој барем според мене. Се трудам да спијам доволно, практикувам козметички третмани соодветни зa моето лице и возраст, а и генетиката тука игра своја улога. Не правам ништо посебно и различно од останатите девојки кои се грижат за себе.

Кога се сака, сè се може. Со добра организација се може да постигне. Во одреден момент чувствуваш што ти е приоритет, па така и се однесуваш и делуваш. За сè има време“, рекла Милена, а во едно интервју за точка изјавила:

– Сметам дека спознавањето е долг процес што трае цел живот.

Кога стануваме свесни за сопствените реакции и случувања или кога ќе почувствуваме дека во одредена фаза во животот се менуваме, тогаш почнуваме да се спознаваме себеси, да сфаќаме што всушност сакаме и кон што целиме.

Домашното воспитување, реалното гледање на работите и рационалното размислување е она што влијае кај мене.

За мене е многу важно да се спознаеш себеси затоа што тоа е она што ни е потребно за да бидеме слободни, а незнаењето ни создава страв од непознатото.

Поминаа години од кога прв пат им кажав добро утро на гледачите на Канал 5. Тоа беше едно сосема ново искуство за мене и тогаш иако бев буквално фрлена во оган не знаев точно што ми се случува.

Сега од оваа дистанца сфаќам дека било стресно, но и храбро од моја страна. Инаку пред да бидам водителка на емисијата Здраво Македонијо, работев неколку месеци како репортер во Канал 5. Тоа беше и всушност првиот контакт со новинарството.

Секоја професија е стресна, повеќе или помалку. Порано многу потешко се справував, но сега ја научив формулата. Повеќе одмор, рекреација и позитивно друштво се’ лек за се.

Нормално дека гледам Канал 5, најчесто ги следам вестите, но искрено јас не ни гледам многу телевизија. Голем дел од денот поминувам на интернет и се’ што ме интересира дознавам преку него. Сепак кога имам време сакам да погледнам некој добар игран филм или серија на странските канали.

Многу ме нервира кога некој се обидува со својата негативна енергија да ми го расипе денот.

Важно ми е утрото да ми започне со убави мисли и затоа не сакам никој да ме спречи во тоа“.

Милена и Гордан прославиле прв роденден на новната ќерка Јоана, и во таа прилика Милена на Инста и на ФБ објавила дека 14 јануари всушност бил нејзиниот најсреќен ден, на овој начин:

– Вчерашниот ден беше еден од најубавите во мојот живот. Јоана наполни една година и и правевме крштевка. Им благодарам на сите наши блиски луѓе што дојдоа и направија денот да биде уште попрекрасен.

Благодарност до Огнен Здравквски што направи најдобра атмосфера за еден од нашите најважни моменти во животот. Огромна благодарност до прекрасните девојки од @es.decorations кои украсија подобро од што замислував и најтопло ви ги препорачувам за било каков повод и прослава.

Тортата беше предобро изработена од @sweetthingsmk и ја направија круната токму како што сакав“, рече Милена која за оваа прослава облекла ултра мини фустан кој супер ѝ стоел.

Арно ама, таа се орасположила, што е и природно за мајка која на детето му слави прв роденден, па запеала и тоа песна од Александар Пријовиќ која се вика „Легитимно“, и колку што се гледа на снимката на стори, Миленче ептен добро се снашла со микрофонот.

Previous articleТамара се преполови, но остана едно нешто што не се намали кај неа, на оваа слика е ептен различна (ФОТО)
Next articleШест илјади евра за само едно модно парче, а кај се чизмите и костумот- Карлеуша со прескап и оригинален стајлинг (ФОТО)