Home Live Тамара се преполови, но остана едно нешто што не се намали кај...

Тамара се преполови, но остана едно нешто што не се намали кај неа, на оваа слика е ептен различна (ФОТО)

Тамара тодевска е еден од најмоќните женски вокали на нашата поп сцена. Музиката е интимно поврзана со нејзиното семејство, па тоа како неизбежно да ѝ го трасираше патот во професионалниот живот, а сите ние сме сведоци на нејзиното музичко созревање зашто таа буквално растеше на сцена.

Fashionel во една перилика, ја избра за најдобро облечена женска јавна личност зашто нејзиниот сценски настап секогаш има осмислена приказна што ја следи онаа на песната, а притоа најчесто соработува и со македонските модни дизајнери што секако е за почит.

Музика, емоции, ја менува ли бременоста, лекциите што до сега ги научи во шоу бизнисот, празници…. Имаше многу теми за разговор со Тамара Тодевска, објави Фешнел, а таа за овој медиум изјави:

-Задоволна сум што овој престижен епитет сум го заслужила јас, но ова е и награда за луѓето со кои соработувам, тимот кој вредно работи и мисли на тоа како најсоодветно да изгледам за јавни настапи, снимања и фото сесии.

Сите настапи ги паметам по лицата и насмевките на публиката. Не знам како е со другите, но јас не се анализирам себе си по настапите, туку ја согледувам целата атмосфера и што сме создале ние на сцена.

– Не препуштам ништо во туѓи раце! Имено, имам огромна почит кон сите соработници, автори и продуценти со кои сум работела, но сфатив дека најголем дел од товарот сепак морам да го земам во свои раце.

Од мене се очекува врвна вокална интерпретација, воедно и песна која ќе се памети и поради тоа морам да имам целосна контрола на работите. Стандардите кои сама си ги поставив се многу високи.

И ако треба да се огледам во континуитетот на македонската поп музика, го сакам она по што ги паметиме легендарните македонски поп пејачки со незаборавни гласови“.

Во една прилика, Тамара за Женски магазин зборуваше за тоа како се чусвтвувала кога за првпат ја слушнала песната Proud, со која ја претставуваше Македонија на Евровизија во Израел.

– Proud за првпат ја слушнав кај Роберт Билбилов во студио и уште од првата секунда знаев дека тоа ќе биде песната со која ќе ја преставувам нашата земја за Изборот за песна за Евровизија во Израел.

Тоа е песна за сите оние што веруваат во себе, што се борат за своите соништа и што го живеат животот според свои правила. Песната е посветена на мојата ќерка Хана.

Но, пораката е универзална – биди горд/а на себе и верувај во својата големина, без разлика што ти велат другите. Спотот одлично се надоврзува со приказната и она во што силно верувам – жената може да биде сѐ што таа сака да биде.

Искрено, помина времето кога се фокусирав на тоа што ќе го кажат луѓето за мене или за мојата работа. Научив да не се врзвувам ниту за позитивните ниту за негативните коментари.

Како родител секогаш ќе бидам тука да ги поддржам и да верувам во нив и нивните соништа. Сакам да веруваат во себе, сакам да го живеат животот така како што тие сакаат и да бидат горди на себе“, рекла Тамара.

Музика, емоции, ја менува ли бременоста, лекциите што до сега ги научи во шоу бизнисот, празници…. Имаше многу теми за разговор, во циклусот новогодишни интервјуа, со Тамара Тодевска.

Тамара пеела во еден скопски клуб, и изгледала топ, ама и според она пто го напиша на социјалните мрежи, и свирката била топ: Не можам да ја опишам вчерашната вечер. Но, знам дека засекогаш ќе ја паметам.

– Фала ви од срце за сета љубов и позитивна енергија. Атмосферата од вчера нека нѐ следи цела година“; напишала Тамара. Познато е дека нашата пејачка во последно време доста ослабе.

Но, без оглед на тоа што се преполови, кај Тамара едно нешто не се намали, а тоа е нејзиното бујно деколте, што е истакнато и на овие слики во интересната креација која ја облекла за овој настап.

Previous articleСе огласија од „Срце на дланка“ – знаеле за минатото на Тале, но потсетуваат на една мудрост: „Кој никогаш не погрешил, нека го фрли првиот камен“
Next articleCпиеш ли миро Александpа Пријовиќ, кога Милена Антовска во вакво фустанче запеа твоја песна? (ФОТО)