Home Live Ги потспушти пантолоните со причина, Елена- Живот со стил во ваква облека...

Ги потспушти пантолоните со причина, Елена- Живот со стил во ваква облека досега не сме ја виделе (ФОТО)

Елена Стефановска е автор и водител на емисијата “Живот со стил” која се емитува долги години по ред во македонскиот телевизиски етер и имаат гостувано доста познати личности.

Посветена, упорна и жена со стил која знае што сака и не се плаши тоа да го добие. Повеќе за нејзините почетоци, за кариерата и животот од интервјуто во продолжение, објави Хибрид. мк во една прилика.

-Ја сакам модата од малечка, ги следев сите трендови на ТВ и во магазините, наши и странски. Ја истражував таа модна сцена, ме пленеа убавите стилови од парчето облека, накит, до уредените домови.

Па, постојано си велев, аха, сигурна сум дека еден ден ќе успеам да создадам ТВ магазин со што ќе им го пласирам на гледачите мојот свет на убавина и стил и начин на живот.

Сакав сите да ја видат убавината и во содржината и во формата што ја носат познатите ѕвезди, јавни личности и обични луѓе, како на нашата, така и на странската сцена.

– Во 2011та беше стартот на првата емисија. Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини.

И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна. Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел. А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни.

А инспирација и љубов за оваа работа имам постојано…. Гледам низ розови очила, хахаха…всушност, се што го гледам околу себе, се што ме опкружува, ме инспирира и ме полни со љубов, а задоволните гледачи ме охрабруваат да продолжам и понатаму“, рекла Елена.

-Сè зависи од личноста. Колку вие ќе вложите од себе во некоја работа, колку ќе бидете упорни, колку и какво влијание ќе створите и остварите во контактите и сл.. Ако се сака сè се може, без разлика на пол, вера, нација… А името, брендот се гради и се надградува.

Денес сум понесена од една идеја, утре можеби надополнувам со нова. И не се плашам да внесам и нови предизвици за кои ќе сметам дека ќе се вклопат во мојот наслов „Живот со стил“.

Сметам дека пред се треба да се биде практичен во остварување и достигнување на зацртаните цели. Не сум научена да седам и да чекам, сè да ми биде сервирано на маса.

Иако има многу суета во светот на бизнисот, секогаш се трудам да се приземјам и суетата да ја оставам на страна, додека работам и создавам. Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти.

Сето тоа од другата страна на камерата, од страната на гледачите изгледа убаво, лесно и едноставно, но од оваа, нашава страна е поинаку, треба постојано да бидеш „ин“, да ги следиш сите збиднувања и актуелности.

Треба да се тркаш со конкуренцијата и да најдеш свои фанови и љубители на она што со голема љубов и желба го создаваш. „Аплаузот“ на тв публиката е нашата најголема сатисфакција“, рекла Елена.

-А инспирација и љубов за оваа работа имам постојано…. Гледам низ розови очила, хахаха…всушност, се што го гледам околу себе, се што ме опкружува, ме инспирира и ме полни со љубов, а задоволните гледачи ме охрабруваат да продолжам и понатаму“, додала водителката.

Изминатово лето, таа се омажи за својот долгогодишен партнер Бојан Најдовски. На свадбата на познатата водителка и пееше познатиот српски пејач, Никола Роквиќ, кој на водителката и ја испеа песната ,,Мед и слатко грозје”.

Елена објави своја слика во издание во какво што не сме ја виделе досега. Имено, таа е сликана во палто и пантолони, а под нив ѕирка долна облека која супер ѝ стои, а ја рекламира, и мора да признаеме дека ова е најдоброто издание на нашата позната водителка.

Previous articleНајљубовната порака од Елена од Сител, блазеси му на сопругот Огнен- Запознаваш некого, и веднаш ти станува јасно дека припаѓате еден на друг
Next articleСнежана Лупевска на романтично патување- сподели ептен оригинална слика од скапо место (ФОТО)