Home Live Ja прашаа Кристина Димитри како ја одржува својата линија, а таа рече:...

Ja прашаа Кристина Димитри како ја одржува својата линија, а таа рече: Со маж кој знае да снима и секој ден ве смее (ФОТО)

Кристина Димитриевска која ја освои тутулата на Мис Балкан, е една од нашите најпознати манекенки, фотомодели и пејачки.

Таа интензивно ѝ се врати на својата стара работа откако се разведе од пејачот Даниел Кајамкоски со кого има син.

Даниел во 2015 година, се ожени со Кристина. Но љубовта кратко траеше, па се разведоа по три години брак, а на оваа тема Даниел проговори само еднаш и во таа прилика кажа:

-Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете.

Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Кристина пак, освен што е во модниот свет е и пејачка.

Кристина во 2020 година година за време на панде мијата освои необична тутула за Мис карантин.

„Да се биде број 1 е секогаш предизвик. Кога го прочитав своето име не верував, сè додека не ми потврди Мики Црнокрак. Минатата година бев „Мис Балкан”, а оваа година добив титула на светско ниво.

Да се биде „Мис карантин на светот” е ново искуство и титула која секогаш ќе ја паметам. Конкуренцијата беше преку 200 девојки од целиот свет“, изјави Кристина за тоа искуство.

„Кога почнав да се занимавам со оваа работа, имав 15 години и во тоа време кога почнав да гледам што се случува со јавниот свет, си викав:

„Леле, на моите дома не сте ме родиле за ова време“, бидејќи секогаш не воспитувале и мене и брат ми на принципи, на лојалности и на сè она што не постои, многу одамна.

Мислам не дека не постојат такви личности веќе, него некој мал процент се останати.

Но, како што поминува време, јас баш со тие принципи, кои они ми ги дале и со тоа негазење преку лешеви и одење преку потешкиот пат, еве 10 години сум сè уште во јавниот свет.

Работите си доаѓаат. Ако одиш по потешкиот пат, секогаш ќе трае тоа подолго. Ако го бираш полесниот, тоа ќе заврши, во било што и да влезеш, во еден момент ќе престане, така да подобро е да се мачиш со години, но на крај ќе ти се исплати, изјави Кристина во емисијата ЗаСе Македонија, на Снеже Велков.

Потоа, се осврнаа на темата гардероба, а по тоа што сите знаеме дека Кристина на настапи изгледа прејако, како вистина ѕвезда, од друга страна е мајка, па на многумина им пречи тоа што таа го покажува телото, но Кристина имаше и за ова одговор.

„Очигледно, кога ќе станеш мајка, треба да останеш дома, да правиш сарми, да се поправиш 30 кила плус.

Но, јас бев Кристина и пред да се омажам и да добијам дете и бев во јавниот свет, претходно како модел и мисица, сега како артист.

И мислам дека професијата нема врска со приватниот живот. На стејџ сум една, а приватно сум друга. Јас сум многу посветена мајка, а тие коментари навистина немам ни време да ги читам.

Сите ние во Македонија, секогаш се воодушевуваме на Србинките, на Бугарките и на светските ѕвезди, а нашите секогаш викаме, „Леле, загреота, како се облекла.“

А кога ќе се појави некој што ќе се облече вака, како на пример за на Макфест, добив навистина премногу добри коментари и таму дојдоа сите луѓе кои што беа во организација, да ми кажат:

„Благодарам, што ни го освежи, што ни го врати Макфест во вакво светло“. Некој кога ти е блиску, секогаш осеќаш некоја љубомора и завист.

Кристина Димитри е меѓу омилените пејачки во Македонија, а тоа се докажува по тоа што постојано ја бараат да настапува во различни градови низ Македонија.

Кристина на својот Инстаграм профил објави дека фановите може да ја прашаат што сака, а таа ќе одговара на прашањата.

Така, во едно прашање, ја прашаа:

-На кој начин се храниш никогаш не ни кажуваш, до прекрасна линија како твојата?

А Кристина објави видео од ружи и како се смешка, а во описот напиша: „Рецептот е… Маж кој секој ден ќе ве смее… И ќе ви ги купува сите ружи на светот…

п.с и ќе исклучи блиц додека ве снима,“ напиша Кристина, што може да значи дека после сѐ повторно си го предала срцето.

Previous articleОвие познати српски пејачки немале среќа во љубовта, еве која е на врвот на листата со неколку бивши партнери
Next articleМинистерката Тренчевска: Доколку работник биде отпуштен, ќе мора да му се исплати надокнада за годишен одмор