Home Live Кој друг би ме трпел освен жена ми- Јордан Митев се отвори...

Кој друг би ме трпел освен жена ми- Јордан Митев се отвори за љубовта со својата Славица

Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Јордан Митев, со успех опстојува на македонската сцена веќе долги години и има испеано доста песни кои се големи хитови и се пат кај нас и во дијаспортата.

Јордан Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.

Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.

Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од кој што Митев собрал големо искуство.

Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.

Како автор досега има напишано доста голем број композиции кои што некои од нив се наградувани во Македонија

-За овие години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.

Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач.

Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.

Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудил да бидам оригинален. Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам.

Денес мерило за успешна песна се прегледите а според тие е одлично. А прегледите за фолкери се многу мали. Медиумите многу малку пуштаат фолк музика.

Тешко е фолк песна да стане хит за еден месец, потребно е време. Но, сметам дека на фолк сцената треба нешто свежо и нешто да се менува.

Нека има примеси на фолк но треба промена и во имиџ и во визуелизација, треба нешто модерно. Времето на аматеризмот е поминато. На нашата сцена недостасува квалитет и сите ние треба да си го признаеме тоа, изјави Митев во една прилика за ММС.

Инаку, Јордан Митев беше гостин во квизот Се или нешто на Лила Стојановска на Сител, и тоа токму во специјалното, божиќно издание кое всушност беше хуманитарно.

Тој зема 35.000 денари кои ќе се подарат онаму каде што се најпотребни а потоа отвори и кутија со бонус од 50.000 денари, што значи дека ќе подари 85.000 денари.

Митев одеше до крај и ги одби сите понуди на банкарот, и рече: Банкарот не знае дека јас секогаш велам дека може и подобро.

Пејачот рече дека на неговата мајка и рекол дека ќе оди на снимање со Лила, а мајката го советувала кои кутии да ги отвори. Кога и да отвореше некоја кутија, Јордан ќе речеше: Да ја прашам мајка ми што да правам?

Потоа, раскажа за тоа дека многу патувал и имал навистина брзо темпо на живот. „За три години, 12 пати бев до Австралија, три пати во Америка, а за Европа не можам да избројам“, рече Јордан кој потоа ја спомна неговата сопруга Славица што ја запознал во Австралија.

-Многу сум и благодарен што ме поддржува и што ме трпи. Кој друг би ме трпел со вакво темпо?“, раскажа Јордан Митев. Потоа Јордан раскажа за неговата свадба и дека пред да се жени, тој пеел на друга свадба.

-Пред да се женам, јас пеев на друга свадба, и си легнав во 4 сабајле. Таа свадба беше во Гостивар, а мојата вои Радовиш.

Патував од Гостивар до Радовиш, легнав во 4, станав во 6, за да ги истерам сите адети на мојата свадба“, рече Јордан Митев минатата година во Се или нешто.

Previous articleОва е новата девојка на Богдан Срејовиќ, бившиот на Цеца – врската им тече во најдобар ред (ФОТО)
Next articleЕлена Велевска раскажа за женската власт над мажите- треба ли да ја има?