Home Live Нашата најубава водителка Милена се наврати и раскажа за нејзините студентски денови:...

Нашата најубава водителка Милена се наврати и раскажа за нејзините студентски денови: Дома никако не ми одеше учењето

ТВ водителката од Канал 5, Милена Антовска Станковска на своите следбеници на Инстаграм им откри дека и на познатите не им сѐ така розово како што изгледа на социјалните мрежи.

-Луѓето кај нас сметаат дека кога една жена ќе се омажи, ќе основа семејство, ќе има деца, треба само на тоа да се фокусира и ако е можно да не се врати на работното место, посебно кога станува збор за јавна професија.

Јас воопшто не се согласувам со тоа. Се вратив на работа после Лана Марија, ќе се вратам на работа и откако ја родив Јоана, откако ќе ми заврши породилното отсуство.

Не само повозрасните, туку има и помлади луѓе коишто сметаат дека местото на жената е дома. Не знам за колку години ќе се искорени тоа, но сметам дека луѓето треба да сфатат дека жените се еднакви со мажите.

Најсмешен коментар ми е дали мажот ти помага. Не, не ми помага. И тој живее во таа куќа и тој е родител на тие деца, и треба заеднички сѐ да се прави“, изјави Милена во една прилика за порталот Приказна.

-Јас сум човек што подобро функционира наутро, навечер веќе снемувам енергија и си легнувам доста рано“, рекла понатаму Милена во eдно интервју во кое зборувала каква е таа приватно и што сака.

-Слушам многу стилови на музика. Зависи од расположение. Слушам и народно и забавно и многу сакам македонска музика. Секако ги следам и светските трендови, сакам и музика од англиско и шпанско говорно подрачје.

Сум имала многу предизвици во животот како и сите луѓе. И професионално и приватно. Во тој даден момент ми се чинеле дека се тешки, но кога сум ги надминала веќе станале лесни.

Предизвик ми било остварувањето во улога на сопруга и мајка, тешки ми се чинеле и предизвиците за почеток на секој нов проект, секоја нова емисија, тежок ми бил и предизвикот да се искачам на врвот Лакосигној итн.

На Милена пред неколку денови ѝ беше роденден, и водителот Ване на интересен начин кажа колку му е важно нивното пријателство. На Фејбук, објави спомен со заедничка слика од Милена и порача:

-Денеска некој слави роденден. За вакви пријателства ви зборам“. Со ова Ване уште една докажа колку Милена му е важна во животот, и колку нејзиниот голем ден е голем и за него исто така.

Милена пак, објави фотографии од прославата со колегите во телевизија и напиша:

-Колегиве ми велат дека и со 36 години си газам. Ви благодарам на сите за преубавите зборови и искрени честитки.

Милена утрово раскажа повеќе за нејзиниот студентски живот, кога беше на снимаше во библиотеката „Браќа Миладиновци“. Таа прво објави видео и рече дека ја однела помалата ќерка Лана во градинка.

„Добро е, помина роденденскиот викенд, преубав, во секо случај. Ја однесов Лана во градинка и сега да се спремам на работа за да одам на снимање. Имајте сите убав ден,“ рече Милена утрово на видеото каде што го објави, а на неа немаше ни грам шминка, а сепак изгледаше многу убаво.

Потоа, Милена повторно објави видео на стори од градската библиотека и раскажа за нејзиниот студентски живот. На видеото можеше да се види дека водителката добро се средила.

„Се наоѓам во градската библиотека „Браќа Миладиновци.“ Се навратив повеќе од 15 години наназад. Кога бев на факултет, дома никако не ми одеше учењето, сѐ некако заспивав.

И си доаѓав тука, во читална и тука си се подготвував за сите колоквиуми и за сите испити.

И некако толку убаво ме наврати на едно убаво време, на убави години, на убаво дружење, па сега малку ќе прошетам да видам што имаат ново од македонски автори бидејќи снимањето денеска ни е баш посветено на книги од македонски автори,“ рече Милена.

Таа потоа објави видео од неколку македонски книги и на своите обожаватели им порача:

„Да читаме книги од македонски автори.“

Previous articleЌерките на Сузана Манчиќ се вистински убавици, еве со што се занимаваат Теодора и Наталија (ФОТО)
Next articleОвие познати српски пејачки немале среќа во љубовта, еве која е на врвот на листата со неколку бивши партнери