Home Live Овие познати српски пејачки немале среќа во љубовта, еве која е на...

Овие познати српски пејачки немале среќа во љубовта, еве која е на врвот на листата со неколку бивши партнери

Едни од најпознатите српски пејачки покрај убавиот глас со кои ја стекнале нивната популарност, имале и многу бурен љубовен живот, неколку пати се венчале и се разведувале. Прва на листата е пејачката Наташа Беквалац.

Имено, таа за првпат се омажи во далечната 2006 година за Данило Икодиновиќ, со кој ја има ќерката Хана. Двојката се разведе по пет години брак, а пејачката влезе во нов брачен живот со Љубо Јовановиќ од кого се разведе по две години.

Сепак, ниту овој бродолом не ја скрши Беквалац, која набрзо почна да излегува со Лука Лазукиќ, со кој во 2018 година ја доби втората ќерка Катја.

Пејачката само 40 дена по породувањето го пријавила нејзиниот тогашен сопруг за насил ство, по што се развела по третпат.

Катарина Каја Остојиќ

Зад себе има три пропаднати бракови, а неодамна ја раскина и веридбата со хрватскиот фудбалер, Матео Павловиќ.

Во првиот брак со Никола Драгојловиќ стапила на многу млада возраст, а веќе на 19 години ја исполнила улогата на мајка.

Иако оваа младешка љубов не траеше долго, пејачката потоа уште еднаш зачекори на луд иот камен. Вториот брак следел кога имала 26 години и траел само две години.

Нејзиното тогашно момче, кошаркарот Урош Дувњак, се преселил во Полска поради деловни обврски и новиот договор што тогаш го потпишал. Каја се омажила за него, за и таа да добие виза за живеење со избраникот. Сепак, по една година двајцата решиле да се разведат.

Анабела Атијас

Пејачката по третпат се омажи за музичарот Џуниор Џек.

Тој живеел во Белгија, а Каја сакала да поминува што повеќе време со него и се омажила, но и овој брак завршил неславно.

Анабела и Гаги Џогани делуваа како двојка на која ѝ оди одлично и во љубовта и во бизнисот, но наидоа на непремостливи несогласувања, по што се разведоа во 2009 година.

Нивните две ќерки, Луна и Нина, потоа останаа со нивната мајка, чија вера во љубовта ја врати Андреј Атијас, со кој се омажи во 2012 година. По седум години брак тие се разведуваат, но Анабела набрзо му се враќа и му помага да го надмине проблемот со ал кохолизмот.

Ана Севиќ

Ана за првпат се омажи за својот колега Дарко Лазиќ во 2014 година, за парот да се најде во епицентарот на скандал во 2018 година кога потврдија дека покренале постапка за развод.

Таа тајно му го кажала судбоносното „да“ на вториот партнер Данијел во 2021 година, а денес живеат во хармонично семејство кое не го експонираат премногу во јавноста.

Гога Секулиќ

Во 2013 година, голема трагедија ја снајде Гога Секулиќ, која само два месеци по бракот остана вдовица кога нејзиниот избраник ја загуби битката со тешката болест.

Пејачката најде сила и успеа да ја надмине несреќата што ѝ се случи, а нова љубов во нејзиниот живот внесе петнаесет години помладиот, Урош Домановиќ со кој има четиригодишен син. Сепак, оваа бајка заврши неодамна кога Гога ги потврди информациите дека се разведува.

Злата Петровиќ

Злата Петровиќ немала среќа во љубовта, па дури четири пати застанала на луд иот камен, но секој нејзин брак завршувал со развод.

Како што раскажала во една емисија, нејзиниот прв брак се случил кога имала само 14 години. Имено, ова се случило на убедување на мајката на фолкерката, но овој брак не бил „за љубов“ бидејќи Злата била заљубена во друг маж.

Недолго потоа Петровиќ се омажила за хармоникаш, но и заедницата со него не била долготрајна, бидејќи му пречело што многу ѝ се допаѓаат „песната и кафаната“.

Иако се шпекулираше дека тешко го поднесувала пропаѓањето на браковите со Хасан Дудиќ и Зоран Пејиќ Пеја, фолкерката истакна дека за никој не плачела многу.

Гоца Тржан

Уште една пејачка која не се грижи за разликата во години е Гоца Тржан, која среќата ја најде со четиринаесет години помладиот, Раша Новаковиќ.

Двојката се заколна на вечна љубов пред Бога, а на пејачката ова и е втор брак. Имено, таа во 2007 година се омажи за Иван Маринковиќ со кој ја има ќерката Лена, а во 2011 година следеше развод кој ескалираше во медиумите.

Зорица Брунцлик

Зорица Брунцлик покрај успешната кариера има и турбулентен приватен живот. На осумнаесет години за првпат стана мајка кога со непознат за јавноста маж и ја роди ќерката Марија.

Првиот сопруг на пејачката беше хармоникашот Зоран Тутиќ, со кого Зорица го доби синот Ѓорѓе. По пропаѓањето на овој брак, пејачката среќата ја побара покрај Љуба Кешељ со кој ја доби ќерката Миљана.

Среќата ѝ се насмевна и по третпат, кога се омажи за Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, со кого Брунцлик и денес е во среќен брак и со кого ја има ќерката Злата.

Previous articleНашата најубава водителка Милена се наврати и раскажа за нејзините студентски денови: Дома никако не ми одеше учењето
Next articleJa прашаа Кристина Димитри како ја одржува својата линија, а таа рече: Со маж кој знае да снима и секој ден ве смее (ФОТО)