Home Live Снежана Лупевска на романтично патување- сподели ептен оригинална слика од скапо место...

Снежана Лупевска на романтично патување- сподели ептен оригинална слика од скапо место (ФОТО)

Нашата позната новинарка Снежана Лупевска кон крајот на минатата година се појавила на роденденот на естрадниот магазин Бекстејџ во Скопје, заедно со сопругот. Оваа новинарка инаку не оди многу на забавни настани.

Лупевска на овој настан изгледала одлилно во чипкан фустан, а дошла заедно со својот сопруг. Сликата ја објави „Бекстејџ“ на својот Инстаграм профил.

Лупевска во 2014 година на своето презиме го додаде презимето на сопругот Созен. Таа се омажи за својот избраник турскиот бизнисмен Ерџан Созен.

Снежана беше облечена во снежно бела венчаница креирана од Елена Лука. Семејната веселба се случи во ресторан во Скопје откако таа и Ерџан го кажаа судбоносното „да“.

Наместо меден месец, кој ќе остане за периодот штом заврши сезоната на „КОД“, младенците замина на меден викенд во Охрид.

Снежана и Ерџан се запознала една година пред свадбата семинар во Белград, каде таа учествуваше како новинар – истражувач, а тој како член на Турската стопанска комора.

Една година потоа стапија во брак. Брачната двојка Лупевска Созен сега живее во Скопје, пренесоа во тоа време медиумите.

На 21 јули во 2016 година, како што вели таа, го промени животниот код, а нејзиниот свет доби поинаква смисла.

Пред заминувањето дома, имавме чест да се запознаеме со Микаил, Ерџан и Снежана и да бидеме сведоци на уште една среќна семејна приказна- објави тогаш acibademsistinababy

– Што би рекле нашите мајки, не е лесно да си мајка, затоа што сè што си направил во животот не се споредува со мајчинството.

Грижа за сопственото дете е чувство кое треба човек да го почувствува. Кога јас го почувствував, сфатив колку всушност светот се менува.

Работите што дотогаш ти биле битни веќе стануваат небитни, а целото твое битие е концентрирано на новороденчето, на мојот син.

Сега Микаил е мојот свет и за првпат во животот ми се случува сосема да го исклучам мобилниот и да не ме интересира апсолутно ништо што се случува во околината.

Подготвеноста за овој предизвик е една од потешките работи. За сè друго човек може да биде подготвен и да научи теоретски, меѓутоа ова е нешто што го имаме веројатно како чувство во нас и се надевам дека тој мајчински инстинкт најмногу ќе ми помогне- изјавила Лупевска кога ѝ се родил синот.

Таа на совојот Инстаграм профил од време на  време објавува слики со синот кој израснал во прекрасно момче.

Снежана Лупевска сподели слика од нејзино патување во Париз, кој се смета за еден од најромантичните градови на светот.

Таа сподели како изгледа зградата на Луи Витон, еден од најскапите светски модни брендови. Снежана си ужива во животот, а избрала вистинско место за тоа.

Previous articleГи потспушти пантолоните со причина, Елена- Живот со стил во ваква облека досега не сме ја виделе (ФОТО)
Next articleАнѓелка Прпиќ веќе не ја крие љубовта со несудениот кум на поранешниот сопруг- исплива слика на која се среќни заедно (ФОТО)