Home Live Сузана Турунџиева искрено прозборе за моментите кога не се воздржувала да заплаче

Сузана Турунџиева искрено прозборе за моментите кога не се воздржувала да заплаче

Сузана Турунџиева на својот Инстаграм и фејсбук споделува мудри и инспиративни мисли, кои се и интересни за нејзините следбеници.

Таа во 2020 година промовираше нова книга со наслов „Зборотерапија“ за која рече дека е разговор со нејзината душа, нејзината долгогодишна потреба по сопственото јас.

Познато е дека Сузана стана добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, со која станаа како сестри. Од накит има само очи…

ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме. Атиџе Муратова“, напиша Сузана за својата пријателка.

„Понекогаш медицината не е во состојба да го излечи она што љубовта може да го исцели… Биди љубов“, вели уште еден интересен статус на Сузана. Во друга објава, таа зборуваше за своето животно искуство.

„Она што не го учевме во училиште е ИСКУСТВОТО… со луѓе, ситуации, носење на одлуки, избори… Некои лекции изгледа не можат “од прва” да се научат, па затоа животот не ретко не праќа на поправен испит…

Секоја година ми носи нов “материјал за учење” кој подоцна станува мој благослов. Најважно што досега научив е дека:

– Ако нешто не оди, тогаш немој да форсираш… Сигурно не е за тебе!

– Почитувај ги своите и туѓите граници! – Не постои награда за трпение…

– Биди она што си, бидејќи на вистинските луѓе им е важна твојата содржина, а не амбалажата.

– Немој да тргуваш во релациите со луѓето за да не дојдеш во ситуација да се ставиш себеси на распродажба. – Кога сакаш некого, кажи, ама и покажи!

– Во ред е да тагуваш понекогаш.. – Простувај секогаш кога можеш..“.

Уште еден нејзин статус е до срж искрен. Во него има и малку хумор, но Сузана како со неколку збора да ја раскажала својата животна приказна.

„Велат дека на секоја жена и е потребен маж, за да има на кого да се потпре во животот…Еее, ама јас тој филм го немам гледано… Го изгледав само трејлерот… Филмот, за жал, заврши пред да почне.

Арно ама, за сметка на тоа што го пропуштив филмот, животот ми даде едни супер жени, едни женски братчиња, едни исклучителни и скапоцени женски битија со златни срца, благородни души и златни раце…

Колаченцата ( Кои искрено ми е жал да ги јадам) ги направи една од тие супер жени, родена на ист ден како мене… Жане, те сакам“, објави Сузана за својата пријателка.

Познатата водителка, музичарка и писателка иако се има соочено со многу падови, бури и загуби, секогаш се труди да продолжи понатаму со гордо крената глава. Нејзините совети се бесценети“, а дел од нив објави Убавина и здравје.

Времето е голем учител и голем сојузник, ако навреме сфатиш дека од секое невреме можеш да излезеш како победник и да не дозволиш да останеш заглавен во болното минато.

Најголемата поддршка и сила ја црпам од мојата мајка Блага и од моите деца.

Секогаш кога ми е многу тешко помислувам на нив и продолжувам гордо со крената глава, потполно свесна дека мене не ми е дозволен таков луксуз да кукам и да се жалам се’ додека некој се’ уште зависи од мене.

И во најболните периоди низ кои поминував се трудев во очите на моите деца да бидам мајка херој, а не мајка жр тва“, рекла Сузана за Убавина и здравје, а потоа ја прашале:

– Што би им кажале на оние кои се соочиле со слични или исти животни предизвици како вашите? Како би ги советувале?“, а таа одговорила:

-Би ги советувала да не се воздржуваат да се исплачат секогаш кога имаат потреба од тоа, да стекнат добри пријателства и да ги негуваат истите. Да гледаат само напред, за да не останат заглавени во болното минато“, рекла Турунџиева.

Previous articleЕмина Јаховиќ најсигурна се чувствува кога е се во рацете на овој Македонец
Next articleВака изгледа Ангела од Ѕвездите на Гранд по дома, во тренерки и без шминка, ама пак е атрактивна (ФОТО)