Home Live Вака изгледа Ангела од Ѕвездите на Гранд по дома, во тренерки и...

Вака изгледа Ангела од Ѕвездите на Гранд по дома, во тренерки и без шминка, ама пак е атрактивна (ФОТО)

Нашата убава и згодна мама Ангела Котуровиќ од Струмица обезбеди пласман во третиот круг во најголемото музичко шоу на Балканот „Ѕвездите на Гранд“.

Ангела овој пат пееше песни од Нина Бадриќ и Марија Шерифовиќ, а нејзината изведба најпрво ја пофали Вики Милковиќ, но и останатите членови на жирито имаа само пофални зборови за неа.

Таа ги освои сите шест гласа и обезбеди пласман во следниот круг од ова музичко натпреварување, и многумина ѝ честотаат на социјалните мрежи за тоа.

За време на 6та емисија во „Sвезде Гранда“ исто така настапи струмичанката Ангела Котуровиќ и ги испеа песните „Роџени“ и „1003“. Она што беше фантастично за нашата Македонка е тоа што таа ги освои сите гласови од жирито што е реткост.

Изведбата на песната „Роџени“ на Калиопи, водителот Воја Недељковиќ имаше необична ситуација зад сцената со која не знаеше како да се справи.

Имено, синот и сопругот на натпреварувачката дошле да ѝ дадат поддршка, а поради гласната музика и непознатото опкружување, бебето почнало да плаче.

– Не плачи, мама има четири гласа – Воја се обиде да го смири бебето и продолжи:

– Ќе биде добро, кукле. Нема да ѝ кажат ништо лошо!

По втората песна „1003“, Ангела ги доби сите осум гласови на стручниот тим на најгледаното музичко натпреварување.

– Браво кукла – извика речиси едногласно жирито, а Саша Поповиќ веднаш го вклучи видео бимот од Бекстејџ. „Уф – извика вознемирено жирито кога го видоа бебето.

– Дали плачеш од среќа? Види која среќа имаш, осум гласа. Дали и тато плаче малку од среќа? Него можам да го држам ако плаче, но не можам тебе да те држам – му рекол Воја на сопругот на натпреварувачката, што ги насмеа сите до солзи.

На Поповиќ најмногу му било интересно колку години има бебето, но жирито веднаш се насмеало, бидејќи Воја не слушнал ништо од врисоците.

– Има 18 години, мислам месеци, поточно десет месеци – рече водителот, а Цеца додаде:

– Ау Сале, колку години има? О, ти си зрел да бидеш дедо!

Бидејќи бебето не престануваше да плаче, Ѓорѓе Давид им порача на членовите на жирито да забрзаат, а Ангела веднаш да избере ментор, а таа ја избра Марија Шерифовиќ.

-Беше добра, имаш потенцијал. Добро е, ќе работиме и ќе имаме добар пат – ѝ рекла Марија на нашата струмичанка, Ангела Котуровиќ.

Имено, Ангела Котуровиќ како што е веќе познато е струмичанка која има добар глас и талент за пеење.

На нејзиниот Инстаграм профил може да се види дека таа е посветена мајка и речиси секоја објава е поврзана со синчето Ноа и сопругот Лазо со кој се многу вљубени.

Ангела на својот Фејсбук профил има објавено една опуштена слика на која таа е во новогодишна атмосфера сои своето семејство и со пријатели.

Ангела изгледа топ на оваа слика , иако не е во издание во какво што ја гледаме на сликата.

Таа е во тренерки и маичка, без шминка, во сосема неформално издание кое одлично ѝ стои- мора да се признае.

Previous articleСузана Турунџиева искрено прозборе за моментите кога не се воздржувала да заплаче
Next articleЌерките на Сузана Манчиќ се вистински убавици, еве со што се занимаваат Теодора и Наталија (ФОТО)