Home Live За ова нешто мразам да зборувам јавно- Емотивно обраќање на Елена Ристеска

За ова нешто мразам да зборувам јавно- Емотивно обраќање на Елена Ристеска

Елена Ристеска, нашата позната пејачка која е веќе 20 години на македонската музичка сцена, е позната како отворена личност која искрено кажува што мисли и како се чувствува.

– Покрај тоа што мојот двигател во животот се моите најблиски, мајка ми, сестра ми и мојата внука Делфина и, секако, во најблиски спаѓаат и моите пријатели кои ми се голема мотивација и поддршка, сепак, постојат и други нешта кои ме инспирираат и ме прават среќна.

Музиката е една од нив, која ме движи напред и како нејзин создател и како нејзин љубител. Работата е таа која е дел од мене и без која се случува да западнам во депр есија.

Од мои 16 години работам и заработувам сама, тоа се скоро 18 години создавање зависност од работа, или некој тоа го нарекува создавање воркохолик. Кога работам се чувствувам жива.

И, секако, кога најблиските ми се здрави, живи и среќни, тогаш и јас сум среќна“, рече Елена во едно интервју за betty.mk, а потоа исто така кажа како ја одржува својата кондиција и форма.

– Клучна работа за одржување во форма на физичкото здравје е важноста да се сфати вежбањето како дел од секојдневните навики, како да речеме миење заби навечер и наутро, јадење, вршење физиолошки потреби итн.

Тоа се нешта без кои не можеме да функционираме, така и кога станува збор за вежбањето треба да заборавиме на сите изговори дека не можеме да го применуваме. Автоматски вежбањето влијае и на менталното здравје.

Сето тоа поткрепено со здрава и правилна исхрана креира еден совршен баланс за подобар живот. Секој од нас има свои навики, свои омилени спортови за поголема физичка активност, свои начини на ментална гимнастика.

Но, според мене клучен е и балансот помеѓу работата и одморот. Без тој баланс ниту физичкото ниту менталното здравје ќе биде во совршена форма. Според познатиот писател Ошо, работата е важен дел од нас, но тој вели:

Секогаш одвојте макар еден ден во неделата посветен на одмор и на Бога. Ментална гимнастика за мојот ум е читањето книги и учењето јазици. Затоа балансот во сè е потребен“; рече Елена и потоа додаде:

-Колку што ми дозволува брзото темпо на живот толку и внимавам на редовната исхрана. А здраво се хранам уште од мали нозе, покрај убавата домашна храна подготвена од мајка ми, секогаш имав чувство кои здрави комбинации во исхраната да ги правам.

Но, последниве години научив да не се оптоварувам со броење калории и режими на исхрана. Сепак, добро е да се сфати дека исхраната е индивидуална работа.

Па, така, начинот на исхрана треба да е во сооднос со интолеранција на одредени намирници, во сооднос со здравствената состојба и физичката активност на секој поединечно.

Јас имам една навика која кај мене функционира и не значи дека ќе функционира кај некој друг, а тоа е дека после 19 часот не внесувам во организмот храна, туку само течности. Знам и често како голем љубител на благо да ги прекршам сите здрави навики.

Но, генерално внимавам на комбинирање на состојките во исхраната, бидејќи комбинациите се она што е важно, не толку количината на храна. Водата е, исто така, забрзувач на метаболизмот“.

Елена Ристеска на својот Фејсбук профил емотивно се обрати до сите оние кои ја следат, и кажа што е оба за што најмногу мрази да зборува јавно, но има потреба да го каже:

– Нешто за кое што најмногу мразам да зборувам јавно се хуманитарните настани, затоа што во поновово општество би се сфатиле како “фалба”, всушност тие хумани дела треба да зборуваат сами за себе.

Но, спортивнo на мојата желба, сепак ако за некои теми не проговориме јавно никогаш јавноста нема да знае со што се соочуваат некои луѓе. Ниедна акција хуманитарна нема да е успешна доколку за истата не се расчуе , макар по социјалните медиуми.

Затоа ова што го споделувам е дружење со дечињата со атипичен развој, кое се случи пред новата година. Дечињата се дружеа преку заеднички вежби координирани од овие прекрасни луѓе, тренери по физичка култура, дефектолози, психолози, логопеди и волонтери.

Нешто што е важно и за физичкото, но и за психичкото здравје кај сите деца, а особено кај овие дечиња на кои им е потребна и социјална интеграција.

Убаво би било да ги чуете нивните судбини и да пробаме заедно да промениме нешто за општо добро, а најмногу за нив и нивните родители. Не заборавајте дека вие имате нормален живот, а на нив им се потребни многу финансиски средства и грижа за да живеат нормално.

Да се освестиме. Да направиме да се чувствуваат сите дека припаѓаат на овој свет. Дека не се различни од другите. Затоа што сите сме исти. Сите сме луѓе. Ветувам дека наскоро пак ќе се дружиме“, стои во статусот на Елена на Фејсбук.

Previous articleАнѓелка Прпиќ веќе не ја крие љубовта со несудениот кум на поранешниот сопруг- исплива слика на која се среќни заедно (ФОТО)
Next articleЍ ги дал на неа последните пари, а потоа се позајмил за такси за да се врати дома- Најемотивната приказна за Тома Здравковиќ