Home Live Атиџе има голема причина за славење и за радост, а еве како...

Атиџе има голема причина за славење и за радост, а еве како ја изненади Турунџиева (ВИДЕО)

За пријателството на Сузана Турунџиева и на Атиџе Муратова вече доста се знае, а Сузана се труди на својата пријателка да ѝ го разубави животот на секој можен начин.

Познато е дека Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова, хероината на документарниот филм „Медена земја“ многу се зближија, и јавноста е запознаена со секојднените обиди на Сузана да ѝ помогне на својата нова пријателка за која рече дека се чувствува како да ја знае цел живот.

Сузана помогна да се изгради куќата на Атиџе во селото Дорфулија.

– Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет).

Со една единствена цел – да ѝ овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна. Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни.

Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија“, објави Сузе пред да се изгради куќата на Атиџе која сега е веќе готова, и Атиџе сега ужива во неа со својот брат.

– Ние навистина имавме чувство како да се знаеме цел живот, иако мене Атиџе никогаш претходно не ме видела. Во Беќирлија нема струја, ниту електричен апарат, освен едно мало радио.

Но, за мене таа слушна подоцна од луѓето во Дорфулија, кои биле воодушевени од мојот гест, дека сепак и покрај сите околности и неможност лесно да стигнеш до Беќирлија, покрај сите пречки сум успеала да стигнам до кај неа заедно со малолетно дете со ранецот на грб.

Сузана и Атиџе снимија заедничка песна која се вика „Од Беќирлија во Битола“ која го опишува нивниот животен пат.

Потоа, снимија и цел албум кој се вика Пола мене- пола тебе.

-Моја Атиџе, душо медена, мислам живот цел, јас те познавам. Иста судбина, ние делиме, се за луѓето, ние правиме“, ја почнува Сузана приказната во песната.

– Има бранови, има планина, човек сонува за убавина. Што е наше знај, ќе ни пристигне, нова светлина доаѓа, да ни помогне“, ѝ одговара Атиџе.

-Многу прошетав, но не научив, зошто плаќаме туѓи гревови. Зошто животот, едно казнува, а пак другите ги наградува?“, се прашува Сузана.

-Тешки прашања, моја Сузана, не би знаела, да одговорам“, ѝ одговара Атиџе. Потоа вели: Душа отвори и насмевни се, сите вистини големи се во песните“, е дел од оваа песна која го опишува нивното другарство.

– Ние, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило.

Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.

Нас ништо не не врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече еднаш Турунџиева во „Магазин“ на Сител.

Атиџе денес слави роденден, па Сузана ѝ го честиташе на многу оригинален начин. Таа сними видео со нејзината ученичка Дени, која за Атиџе рече: Ти посакуваме многу здравје и љубов со мојата корепетиторка Сузана.

И ќе ти отпееме“, рече Дени, а потоа Сузана се надоврза Атоџе да ги чека на гости во Бекрилија, и ѝ посакаа среќен роденден со нивната песна- Што е мое, се е и твое.

Previous articleЏамбо Агушев не може да мрдне од жена му, раскажа како го проверува на секој настап каде е и што прави
Next articleИскрена објава на Ксенија: Секој ќе продолжи по својот пат, исто како што заврши нашата љубов