Home Live Бабичка во сред Њујорк ми прозборе нашки: На кој јазик лафиш бе...

Бабичка во сред Њујорк ми прозборе нашки: На кој јазик лафиш бе синко, на македонски ли? Ставро, Ставро, ова наше дете било…

Нашата дијаспора во Соединетите Американски држави е голем, можеби најбројна по Австралија, каде навистина има голем број Македонци.

Македонците во САД во најголем дела живеат во државите Њу Џерси, Илиноис, но ги има и во Индијана, Флируда, Калифорнија.

Игор С. ни раскажа интересна случка, која му се случила во Њујорк.

-Сакам да споделам со вас едно интересно и емотивно доживување, кое ми се случи овде, во центарот на светот, градот Њујорк.

Дојден сум тука не многу одамна, само две години. Знаете како е, почеток, тешко. Возам такси за да си го пополнам буџетот и да си ги платам биловите.

Не е обично такси, туку сега многу популарниот Лифт, апликација идентична на Убер. Патникот од својот мобилен телефон ја додава крајната дестинација на мапата и апликацијата му кажува колку ќе го чини.

Потоа тој плаќа, а јас или некој мој колега добиваме нотификација да го земеме од неговата локација и да го днесеме до крајната дестинација. Лифт нас ни плаќа за секоја измината милја, како и за поминатото време во текот на возењето.

И така јас пред некој ден добивам нотификација дека треба да земам извесен Ставрополус. Со оглед на тоа што градот Њујорк е светот во мало, сите обично прашуваат од каде си. Па јас бев спремен на овој Грк да му одбрусам – од Македонија.

Си чекам јас така и полека ми се приближуваат бабичка и дедо, придружувани од своите синови (тоа подоцна разбрав).

Влегоа во колата и бабичката веднаш ме праша:

Од Русија ли си?

Не, одговорив, јас сум од Македонија!

Бабичката на тоа: ,,Ами кој јазик лафиш бре синко?”

Па нормално Македонски, одговарам јас.

-Ами од кај си?

Од Битола бабичке.

Па ние сме од Лерин бе синко, воскликна бабичката и почна да вика по сопругот кој врќр беше задремал: ,,Ставро, Ставро, абе ова наше дете да ти било”! Само што ја изговори оваа реченица, бабичката почна да плаче.

Разврзавме муабет со бабичката и дедото дури траеше патувањето за сè и сешто. Ми ја раскажаа цела нивна историја. Македонци од Лерин, кои како и многу други, грчката држава им ги сменила имињата и со години им забранувале да говорат на својот мајчин јазик.

Во Америка биле дојдени од 1966 година, имале три деца, кои биле многу мали кога дошле тука, па не ни знаат мајчин Македонски јазик.

Се мачеле кутрите, работеле во фабрика за кошули, но кажуваат дека тогаш на времето и парите вределе многу, па така заработиле и за куќа и за стан во кој сега живеат.

-Одамна не сме виделе нашинец тука синко, ми рече дедото. Ние сме сега во пензија и ретко излегуваме. Имаме скоро 90 години, но редовно, секоја година одиме во нашите краишта. Во Лерин имаме куќа, ми рече дедото.

Се испоздравивме на крајот, се изгушкавме и ми дадоа добар ,,тип”. Не само ним, и мене ми дојде убаво на душичката.”

Името и презимето познати на редакцијата

Previous articleСани се омажи, па им порача на жените: Сакате маж со стомак, или маж со штикли (ФОТО)
Next articleВрчак искрено кажал зошто го снемало сите овие години, ама и што му рекле мајка му и татко му, кој е познат доктор