Home Live Џамбо Агушев не може да мрдне од жена му, раскажа како го...

Џамбо Агушев не може да мрдне од жена му, раскажа како го проверува на секој настап каде е и што прави

Познато е за нашиот прочуен музичар од Струмица, Џамбо Агушев, дека со неговата труба го има поминато целиот свет, а ја свири од многу мал и како што рекол, со оваа „играчка“ тој се дружи целиот свој живот.

Магичната музика на оркестраот Агушеви датира од 90 – тите години кога биле поставени корените на првичниот состав на Агушеви, за денеска младиот и талентиран Џамбо Агушев да го презеде кормилото со кое патува низ светот.

Фешнел во една прилика имаше ретка можност да разговара со него помеѓу патувањата кои со оркестарот ги имаат во изобилие.

Со Исеин Џамбо Агушев говореле за неговото семејство, за музиката, за светските ѕвезди со кои соработувале, веселото детство.

– Да ви кажам искрено, нема шанси кај нашето семејство да помине ден, а да не е весел.

Често пати кажувам дека целото мое семејство е составено од музичари, некој свири на труба, некој на саксофон и затоа постојано е весело, ние секој ден се будиме со музика.

Јас од три, четири години сум со нив и ги следам во работата и од секогаш сакав да бидам музичар. Се сеќавам, татко ми ми подари труба многу одамна и до ден денеска, јас останав со таа „играчка“.

Многу сум задоволен од мојот оркестар, од мојата и нивната работа и од напредокот што досега сме го постигнале. Со оркестарот постоиме веќе долги години откако го преземав јас.

Прогласени сме за најдобар оркестар на Балканот и имаме добиено многу признанија. Тука морам да го споменам и нашиот настап во Би – Би – Си од кој сум многу задоволен.

Откако снимивме песна со најпопуларната иранска пејачка Мамак Кадем со која имавме супер соработка, таа ни се јави и ни кажа дека имаме понуда заедно да настапиме за престижниот канал Би-Би-Си Персија.

Веднаш потоа, нѐ повикаа да настапиме и на светското издание на Би-Би-Си со другиот наш проект Taksim Dream од кој сите беа воодушевени.

Taksim Dream го снимивме со мојот омилен светски кларинетист Хусну Сенлендиричи кој доаѓа од Турција и е неверојатно талентиран“, рекол Џамбо.

А, инаку оркестарот Агушеви постои уште од 1993 – та година кога го основале неговите чичковци и неговиот татко Џемал.

Во 1995 – та година ја снимиле познатата „Да беше стрела песнава“ со легендата Гоце Арнаудов и чичко му Кочо Агушев.

За него Џамбо вели дека му бил најголем учител. Тој оркестар го воделе татко му и чичко му до 2001 – ва година, по што започнале да свират со различни членови од оркестарот.

-За да не настанат многу забуни, од 2004 – та година, татко ми ми го подари оркестарот кој јас го нареков Џамбо Агушеви оркестар, за секаде да се знае кој всушност настапува и за некако да се разграничуваат“, изјавил Џамбо за Фешнел.

– Сите со кои сме соработувале се сосема обични луѓе, иако сите се музичари од светски рамки. Сите се однесуваат навистина нормално и топло нѐ пречекуваат каде и да отидеме, сите ми оставиле голем впечаток.

Сите тие големи ѕвезди се пред сѐ, големи професионалци и големи луѓе и јас навистина имам да кажам сѐ најдобро за сите нив. Дури и Тото Котуњо се однесуваше нормално со сите нас од оркестарот, седевме заедно, јадевме заедно и тоа е тоа што ме воодушевува.

Морам да кажам дека му се восхитувам на целото мое семејство, но особено на мојот упокоен чичко Кочо Агушев од кого научив да свирам труба. Јас до 16 години со него заедно и спиев од што го сакав.

Бев возрасен, но не можев да се одвојам од него. До ден денеска вистински цимер ми е и мојот татко, со кого постојано сме заедно“; кажал Џамбо за своето семејство. Но, тој има уште едно семејство кое го чека дома од сите настапи, а тоа е сопругата Асена и неговите деца.

На крајот на мај во 2022 година, Џамбо Агушев, по четврти пат стана татко. Агушев го сподели и името кое со неговата сопруга го одбрале за нивната ќеркичка веднаш откако се роди.

-Добредојде мила ќерко, Алина – напиша тој покрај фотографиите од болница со сопругата и новородената ќерка. Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак 13 години.

Ја имаат ќерката Севги, синот Мерт, ќерката Мелинам која ја добија пред две години и најмалата Алина. Сопругата е Турчинка која живеела во Германија. Се запознале на еден негов настап во Германија. Џамбо ја заблежал во публика, му се допаднала, и ја поканил на состанок.

-Мојата сопруга е Турчинка и израсната е во Германија. Имавме турнеја во Германија, таа во публика беше, и јас како секој еден музичар на сцена, знаеш малку со око таму ваму, и намигнав, убава ја гледам таму…

И свирам свирам, се заборавив, татко ми ми писка, јас се заборавив, 10 минути едно мане свирам. И свирам свирам, јас сум фронтмен, и гледам аплауз, јас се напумпав, почнав да свирам…

И татко ми вика, еееј, 10 минути поминаа, што мислиш ти, со две песни да завршиме цел концерт? И после концертот отидов јас да ја побарам, и таа дојде да се слика со мене, и јас на уво: може бројче?

И отидовме после концертот кафе- мафе и така почна и еве… Ние од 365 дена, негде сме на свирење 300 дена. Некој пат ме изморува тоа, некој пат не, со колегите сме заедно“, кажа Џамбо во една прилика кога бил во емисијата Еден на еден.

Водителот Жаре на Џамбо му рече: Жена како жена, жени се малку љубоморни. А Џамбо кажа: Не малку малку повеќе. И потоа кажа како на тоа реагира женам му и дали на неа и пречи што толку го нема по дома.

-Па, тешко беше на почетокот. Некој пат кога имам шанса ја земам со мене, некаде што можеам, некаде каде што не можам… Да, имам 300 повици или 500 повици. И навечер пред да си легнам мора Скајп, не само Скајп, туку и Фејсбук.

Од секаде ме проверува што правам. Пред настам морам да пуштам селфи кај сум. После настап, еве патувам, со комбе сум. Легнувам- еве гледаш, со пижами спијам. И сега кога настапувам, покушавам очите да не ми мрднат.

Само право ги правам. Не, пред мене нема женски, да не ги гледам. Се е ок, само машки имам“, изјавил трубачот Џамбо Аушев во оваа емисија. Инаку, Асена е вистинска лепотица што се глда и на најновата слика со неа која Џамбо ја објавил на Инста.

Previous articleМинистерката Тренчевска: Доколку работник биде отпуштен, ќе мора да му се исплати надокнада за годишен одмор
Next articleАтиџе има голема причина за славење и за радост, а еве како ја изненади Турунџиева (ВИДЕО)