Home Live Искрена објава на Ксенија: Секој ќе продолжи по својот пат, исто како...

Искрена објава на Ксенија: Секој ќе продолжи по својот пат, исто како што заврши нашата љубов

Писателката Ксенија Николова е една од најпопуларните и најцитираните јавни личнсти кај нас, на социјалните мрежи. Во 2017 година, таа го издаде својот роман „Емотивен манипулатор“.

Потоа, истиот го претстави и на бугарската публика, а тоа, според нејзиното интервју за Плус инфо, е резултат на взаемната желба и труд.

Чувството за нејзе е неверојатно и излегувањето од границите на Македонија со нејзината уметност, отсекогаш ѝ било желба.

Не пишувам со страв, бидејќи не пишувам со цел. Не бркам успех, тој доаѓа како последица. Сосема е нормално некому да не му се допадне мојата уметност. Но, истовремено мојата радост доаѓа тогаш кога мое дело некому ќе му го стопли срцето.

Јас не се предавам, јас се борам и точно знам што сакам. Јас не се навредувам кога некој ќе ме одбие, не се разочарувам, туку одам понатаму. Така беше и со приказната за мојата уметност“, рече таа.

Писателката често знае да раскаже лична приказна на Фејсбук од детсвото од младоста и од сегашноста. Една нејзина приказна е поврзана со роденденот кој го прослави.

Се наоѓам во една точка од мојот живот, во која најважни ми се овие нешта: Спокој, Добро физичко и ментално здравје; Планирање во тишина; Разликување на небитни и битни настани, луѓе и информации; Почит; Секојдневно растење.

Научив да не правам компроси за овие нешта, бидејќи сфатив дека без нив не можам да одам по патот на среќата. Ја пронајдов сопствената среќа, и конечно умеам да разликувам многу работи.

Се чувствувам корисно, убаво и мирно. Имам денови во кои моето море има бранови, но умеам да се вратам и да го најдам својот баланс.

Го најдов мирот по кој долго време талкав. Не сакам ништо повеќе, бидејќи сите желби ми се исполнуваат благодарение токму на тој мир, кој носи здравје, емпатија, желба за работа и дисциплина, и секако инспирација.

Добро, сакам уште само едно нешто. Но, тоа е во рацете на Бог, а јас знам дека тој знае што прави. Да сте живи и здрави, ви благодарам за секој убав збор и посветено време.

Ксенија Николова ад себе има 6 книги а таа во 2021 година снимии видео кое допре до многумина. Темата е болна и со неа за жал се соочуваат сe повеќе жени и мажи.

За своите следбеници на Инстаграм таа го сними видеото во кое открива колку е тешка битката со стерилитетот и на миг им даде поддршка на сите борци со стерилтетот, да знаат дека не се сами.

Таа искрено прозборе и за нејзината лична борба за мајчинство, во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ.

Николова призна дека вештачкото оплодувања ѝ е како добро утро, никогаш не верувала дека во 20-тите години ќе има поминато три ин-витро оплодувања, обиди, прегледи, опе рации, бидејќи редовно правела прегледи и се било во ред.

Но, таа е благодарна што има поддршка од партнерот и најблиските во желбата да се оствари како мајка. Николова сега на својот Фејсбук профил раскажа уште една емотивна приказна:

– Јави ми се еден и кажи ми ја цела вистина, а после можеме да се преправаме дека нешто можеме да направиме со таа вистина, можеме да зборуваме за иднината како да е наша и за минатото како да не е важно, можеме да се смееме како сегашноста да е токму ова.

Јави ми се еден ден и ќе разговараме долго, долго, а потоа секој ќе продолжи по својот пат, набрзина и нечујно, баш исто како што заврши и нашата љубов“; стои во објавата на Ксенија.

Previous articleАтиџе има голема причина за славење и за радост, а еве како ја изненади Турунџиева (ВИДЕО)
Next articleИ ова се случи: Цеца ѝ стави лајк на Карлеуша, иако со години не се мирисаат, а истото го стори и Анастасија