Home Live Марко „Дај побрзај“ откри дали се загледува по туѓи жени: Жена ми...

Марко „Дај побрзај“ откри дали се загледува по туѓи жени: Жена ми не ми промрчела досега (ВИДЕО)

Марко Новески со години е едно од најпознатите ТВ лица кај нас особено по квизот „Листа за триста“. Сепак тој остана запаметен по прекарот „Дај побрзај“ и сѐ уште го викаат „Марко- Дај побрзај“.

-Лицемерието отсекогаш ми пречело, некултурата, непочитувањето еден со друг, себичноста.

Јас сметам дека сите сме едно големо семејство, барем да не претерам во светски рамки сме едно големо семејство, но држава како Македонија со малку луѓе, навистина сме како семејство.

Многу ми пречи лошиот однос. Доволно е на еден човек еве наутро да му се обратам со едно „Здраво, како си?“, да не ми врати и да ми го скрши цел ден.

Во принцип сум емотивен човек, ми значи добродушноста кај луѓето“, рече Марко тогаш и прозборе за својата љубов:

– Да, заљубен сум во Софија (се смее). Таа е тотална спротивност од мене, тотално различни.

Кога сме надвор, јас сум јас, кога сме пред луѓе, таа е така мирна, тивка, повлечена, а кога сме дома или кај некои пријатели она е таа што повеќе крева врева, повеќе збори.

Јас едноставно тогаш сум релаксиран и одморам. Така се надополнуваме во секој поглед“, рече Марко и откри дека всушност тој е голем тремаџија.

Марко учествуваше во емисијата „Ти реков ми рече“ и откри многу работи од својот приватен живот.

Интересен е фактот што на 14-ти јануари ја запроси твојата жена, започна водителот на емисијата.

-Да, сметав дека тоа ќе ми биде најубавиот поклон за роденден. Решив тоа да го направам, или ќе имам убав поклон за роденден или ќе пробам да го заборавам роденденот, рече Марко кој на истиот ден кога ја запросил девојката, прославувал и роденден.

Јас сум убеден дека добро се снаоѓам. Јас перам садови, јас усисувам, јас пазарам, таксито сум јас по дома, супер. 41 година имав кога се оженив, мислам дека конечно време дојде. Мислам дека конечно си ја најдов жената, сродната душа и викам не се пропушта оваа шанса.

Потоа, Марко во емисијата проговори и за неговите почетоци:

-Првпат кога се појавив на телевизија, беше 98 година. Снимив после уште неколку спотчиња, за Ребека, за Маја Панчева мислам и уште некои.

Ме викна другарка да водам „Игри без граници“, такви водени игри на Градиште. Ме видоа таму од Томато и решија да ме викнат. Претходниот водител си отишол, ајде да пробаме, упали работата и тоа беше тоа. Никогаш во животот не планирав водител да бидам.

Taксиста еден ми вика: Марче, колку земаш бе? А јас му викам, дај не зезај со муабетов, срамота е. Е добро ајде, не ми кажувај колку, само земаш ли повеќе од 10 илјади?

-Викам, земам повеќе од 10 илјади. Јас да земав 10 илјади евра, немаше со тебе да се возам, во такси скршено. Можам да сонувам да земам толку, раскажа Марко.

Потоа водителот му даде да одговори на две прашања, а доколку не сакаше да одговори ќе требаше да направи предизвик 5 склекови.

На прашањето, дали Марко се загледува во други жени откога е во брак со Цена, Марко рече дека 5 склекови за него не се ништо, предизвик е да го одговори прашањето.

-Искрено, ќе излажам ако речам дека не загледувам други жени. Очите какви, такви, се за тоа и загледувам, не можам да останам рамнодушен на убава жена кога ќе помине покрај мене.

Сега за сега не ми промрчела ништо за тоа, ќе видиме за понатаму.

Второто прашање се однесуваше на по ро ците.

-Кога немам работа, најчесто вежбам. Одам во сала со другарите, вежбам, возам точаче, тоа, не дека нешто посебно, а за по р оците проговори:

-Порано, сѐ правев што може човек да замисли. Дете од 90-тите сум, тогаш сум растен, сум консумирал, сум пробал и тоа можам да кажам дека скоро сѐ сум пробал и сега знам дека не треба.

Животот порано ми беше брз, луд, не бегав од ниеден предизвик, дел од предизвиците ми беше и тоа. Сакав да пробам многу работи во животот, си ги пробав и сега сум си тој што сум си.

Јас последниве 10 години ништо, ни ал кохол, пиво само ако се напијам, цигари откажав. Исхраната ми е добра, се променив, тотално ми е животниот стил сменет, рече Марко.

Previous articleНашата убава водителка немаше среќа во првата врска, позната пејачка го освои срцето на дечко ѝ, ама сега сврте нов лист и е среќна со овој човек
Next articleБеа еден од најпознатите парови од старата генерација: Џоле Џогани прозборе за Весна, изневерувањето и разводот