Home Live Нашата убава водителка немаше среќа во првата врска, позната пејачка го освои...

Нашата убава водителка немаше среќа во првата врска, позната пејачка го освои срцето на дечко ѝ, ама сега сврте нов лист и е среќна со овој човек

Јана Серафимова, убавата новинарка која е вљубена во спортот и на „Телма“ ја води емисијата „Ферплеј со Јана“, минатото лето направи свадба со својот сакан Горан Петровски.

Јана и Горан го склучија граѓанскиот брак минатата година, и уште лани, Јана за Женски магазин рече дека стрпливо ќе чека да попуштат рестриктивните мерки,а потоа ќе направи свадба.

-Си поминавме најубаво на целиот свет, журката беше супер, дури и над нашите очекувања, благодарение на веселите гости. Пере од Нокаут ни е пријател, па со задоволство прифати да ни ја отпее ,,Мене ми припаѓаш” за првиот танц.

А, во текот на целата вечер ,,Тумбао Салса Бенд” не дозволија ни минутка да седнеме, игравме – сите!

Пресреќни сме што нашите драги роднини и пријатели кои живеат во странство, најдоа начин да дојдат и да прославиме заедно, меѓу нив и брат ми кој, единствено викендов немаше професионални обврски во клуб или репрезентација.

Меѓу присутните секако беа и моите драги колеги од Тв24 и ТвТелма“, раскажала Јана.

Инаку, Јана Серафимова е една од домашните најпопуларни водителки, особено откако направи Тв трансфер. Имено, таа од Тв 24 замина во Сител ТВ и пред да замине во Телма беше водителка на емисијата Магазин.

Јана, заедно со нејзината, исто така убава колешка Јелена Богојевиќ, им го разубавуваше утрото на гледачите секој работен ден од 10 часот наутро, со разни актуелни теми и инетересен избор на соговорници.

Јана е популарна поради својата професионалност кон соработниците и посветеност на работатa, но актуелна е и по други нешта, нејзиниот приватен живот.

На Јана и оди во работата, но таинствена е што се однесува до љубовта. Во едно интервју за Среќа.мк, откри некои нешта за себеси.

-Да, би се согласила дека е најтешко да се опишеме себеси, на сам старт ми давате тешка задача.

Сакам енергијата која што природно ја носам кога не сум пред камери – да ја пренесам и тогаш кога камерите се вклучуваат, па навистина сум среќна доколку гледачите ја чувствуваат таа моја позитива.

Сепак би рекла дека сум личност што не се “расфрла“ со својата енергија, зошто давам максимум љубов и посветеност таму каде што јас избирам, а тоа се: работата и луѓето чија што енергија ми одговара, ми значат и искрено ги сакам.

Сакам музика, сакам и следам спорт (најмногу фудбал), па еве таман да кажам дека една од поголемите маани ми е што не можам да се натерам редовно – рекреативно да спортувам.

Голем е бројот на нештата што можат да ме направат среќна. Среќа е што имам супер семејство и неколку вистински пријатели и тие ми го прават секој ден поубав.

За мене е многу голема среќа кога во нечии очи ќе видам дека јас сум причината што во нив се гледа среќа.

По среќна од моите лични успеси и остварени желби можат да ме направат среќата и постигнатите успеси на брат ми“, рекла јана за брат си Никола коиј е успешен фудбалер.

Јана Серафимова прослави роденден, а нејзиниот сакан ставил стори со кое ѝ го честитал и напишал: Среќен роденден љубов моја! На сликата се гледа колку се Јана и Горан среќни и вљубени.

По претходната врска со Иван од Либеро бенд, кој потоа и беше дечко на Анониа Гиговска, Јана ја најде својата среќа во Горан и сега заедно уживаат во својата романса.

Previous articleОваа убавица Горан Кукиќ ја бакнал, место Ленче- еве ја причината зошто го сторил тоа
Next articleМарко „Дај побрзај“ откри дали се загледува по туѓи жени: Жена ми не ми промрчела досега (ВИДЕО)