Home Live Новата година ептен ја промени Тамара, еве што одлучи да издолжи на...

Новата година ептен ја промени Тамара, еве што одлучи да издолжи на себе, прејако ѝ стои (ФОТО)

Во едни интервју за Женски Магазин, Тамара рекла каква е кога ќе се налути и кога не е расположена:

-Ех, кога сѐ би било како на Инстаграм и Фејсбук. Нормално дека има периоди и кога сум лута, нерасположена, не ми се зборува… Знам да покажувам емоции и не ми е срам од тоа.

Знам и да се расплачам од среќа, но и од тага. Работам јавна професија, каде што горе-доле си под континуиран „зум“ на јавноста и некогаш тоа може да биде проблем.

Сепак, како поминуваат годините, така и јас некако сè помалку реагирам на навреди, омаловажувањa…

Ако порано знаеле многу да ме погодат коментари, навреди, невистини, сега некако сум поотпорна. Веројатно искуството си го прави своето.

Живееме во дигитална ера, која носи и позитивни и негативни работи. Говорот на омраза кај нас и тоа како e присутен.

Еден ден ти даваат аплаузи, друг ден може ќе те навредуваат во коментари по социјални мрежи… Но, на тастатура секој може да биде јак, а аплаудираат најчесто луѓе кои сакаат да шират љубов, кои не се себични и немаат проблем со самодовербата, со околината.

Среќна сум што вториве се побројни и за нив и живеам и работам…и создавам музика“, изјавила во Женски Магазин, Тамара.

По седум години брак во кој ги добија ќерката Хана и синот Дарен, поп пејачката Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар Димитровски- Мачка се разведуваат- објави своевремено Убавина и здравје.

Кога една врска помеѓу двајца млади луѓе започнала со љубов, а потоа прераснала во семејство во кое се изродиле деца и каде се функционирало во заедница, ќе се распадне, без оглед на тоа колку и да се изговара фразата дека разводот бил спогодбен и пријателски.

Сепак, тоа е нешто кое го менува животот од корен на сите кои биле дел од таа заедница- ги коментира Фокус овие случувања во својот нов текст.

Секогаш, и покрај љубовта и вниманието од родителите, децата се најпогодени од ваквите животни одлуки, и речиси секое дете на разведени родители ќе ви каже дека посакувало мајката и таткото да му останат заедно и да живеат во слога.

Токму тој момент со децата го потенцираше и Тамара во изјава за „Убавина и здравје”, кога замоли медиумите кои трчаат по кликови, да имаат чувство на одговорност, барем пред децата.

Безгрешната критичка јавност, дури и заборавила дека во приказната главни ликови се две мали деца.

„Ако се разведува, море дури и малку и е, Севе рџанка, така и треба… коментари од кои човек може да се запраша:

Каков е овој синдром и од каде доаѓа оваа омраза кон некого, кого дури и оние кои коментираат никогаш не го запознале.

Изум рена емпатија, впечаток дека оние кои фрлаат со камења имаат совршен живот и ним, ниту пак на нивните блиски никогаш не може да им се случи било каков животен неуспех и грешка“, стои во текстот кој го напишала новинарката Вики Клинчарова.

На прашањето дали се чувствува како ѕвезда, таа кажа:

„Хмм, поимот ѕвезда е многу комплексен. Знаете ѕвездите се недостижни, не можете да им се приближите, но сепак светат!

Јас сум човек како и сите други, само што ете сум одбрала да работам јавна професија во која навистина уживам!

Кога веќе ме споредувате со некое небесно тело, во случајот ѕвезда, ќе кажам не, јас не сум ѕвезда бидејќи ѕвездата е само обичен камен, јас сум СУПЕРНОВА!

Популарноста има и позитивни и негативни страни, убаво е да си во постојан контакт со своите фанови, да се фотографираш, почесто да патуваш… 

Негативните се, па… Можеби ете недоволното спиење поради честите настапи.

Јас сакам да ме има по медиуми само кога имам нешто да кажам! Нов албум, спот, песна…

А да се појаувам во медиуми без причина мислам дека е навистина смешно“.

Во истото интерју, таа зборуваше и за тоа колку е вешта во кујната.

-Со оглед на тоа колку време работам, јас навистина немам време да се посветам во кујната. Но, сакам, гурман сум и знам да подготвам нешто.

Претежно месо со зеленчук, некоја паста со интересен сос, сакам да експериментирам, но не и да претерам“.

-Моите пријатели многу добро знаат која сум и во што верувам. Немаше потреба да им објаснувам што се случи, ниту да им се правдам. Моите пријатели не ме гледаат мене како ѕвезда, пејачка. За нив јас сум Тамара – пријателката.

Откога во медиумите се пишуваше дека Тамара ослабела и дека редовно тренира, сега таа одлучи да смени уште една работа на себе, за која претходно немаше да си ја поврземе со нашата пејачка.

Имено, Тамара била на маникир и направила долги црвени нокти што не се вклопуваат со претходниот стил што го „носеше“ Тамара, но оваа промена дефинитивно добро ѝ стои на нашата пејачка.

„Дали сте спремни“, напиша Тамара под сликата на која ѝ ги прават ноктите.

Previous articleБеа еден од најпознатите парови од старата генерација: Џоле Џогани прозборе за Весна, изневерувањето и разводот
Next articleСани се омажи, па им порача на жените: Сакате маж со стомак, или маж со штикли (ФОТО)