Home Live Се отвори министерката Костадиновска- Стојчевска, кажа каква е приватно и како живее...

Се отвори министерката Костадиновска- Стојчевска, кажа каква е приватно и како живее далеку од семејството

Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска ммногумина се уште ја паметат во влегувањето во скафандер во Собранието кога беш позитивна на вирусоот. Во новото интервју за Хибрид, таа одговара токму на ова прашање:

Многумина Ве запамтија по влегувањето со скафандер во собрание (и сè уште Ве асоцираат со таа ситуација) кога позитивна на ко рона вирусот отидовте да гласате, а малкумина знаат дека бевте бремена кога започнавте како пратеничка.

Храбра одлука за жена. Најтешко е човек да зборува во прво лице за себе, сепак, без свилени ракавици како би го опишале Вашиот сензибилитет?“, стпи во прашањето, а таа одговорила:

-Воздржаност во најтешките мигови… Mојот план и намера да му одговорам на тој што ме навредил или повредил никогаш не бил толку совршен како одговорот на животот во мое име.

Одамна разликувам вистинска од лажна емоција. На навредите научив да гледам како на туѓа слабост. Верувам во силните аргументи и ме движи волјата да сторам нешто добро, а не суетата.

Тоа што чувствувам емпатија, благодарност, разбирање не е моја слабост. Напротив.

Во Собранието дојдов во скафандер за да гласам за уште еден пакет мерки за помош на погодените категории од последиците од светската пандемија. Да имаше опозицијата минимум почит кон нашите граѓани, јас не ќе бев неопходниот глас ЗА.“

Таа е родена на 20.2.1986 во Битола. Стојчевска е доктор на наука за јазик – англиски, а завршила на Педагошки факултет, УКЛО – Битола.

Имала доста сктивности во Собранието како: Член на комисија за образование, наука и спорт, ќлен на комисија за труд и социјална политика, член на комисија за европски прашања и уште многу други.

Приватно, таа е мајка на две деца и сопруга на Јован Стојчевски кој е исто така од Битола. Таа често објавува слики со својот сопруг и од своите син и ќерка.

А исто така, на нејзинјот Фејсбук профил можат да се најдат слики и од свадбата, тоест од денот кога била невеста.

Во интервју за Хибрид, министерлkта раскажала и за тоа дека живее разделена од семејството, но и каква е по каректер, приватно кога е надвор од работните обврски.

-Јас во Скопје работам, а живеам кога ќе си отидам дома, во Битола. Одговорот на другиот дел од прашањето е работа на договор во моето семејство. И толку.

Работата од дома беше тест на кој, за жал, многу семејства „паднаа на испитот“. Нашето семејство токму тогаш доби дар – ќерката Ана.

И ако мајката треба да е пример за своите деца, токму заради мојата Ана правам и ќе направам сè да не дозволи пеглата и правосмукалката да и бидат „ору жје“, а налевањето со кафиња со сосетките да ѝ станат утеха.

Затоа моето работење во Скопје не е ниту жртва, ниту храброст. Јас сум риба во хороскоп, а таа ита кон длабочините секој пат кога ќе се почувствува ранлива.

Но, го наметнав оклопот на рак от, ја подигнав главата како лавот, тргнав да ја искачувам угорнината на животот како јарец, подготвена да „нападнам“ како бик, прецизна како стрелец, со умешност на водолија, со страст како овен.

Со срце чисто како девица, со одмереност како вага, со интуиција како шкорпија и со љубов кон другиот како кон близнак. И сето тоа зашто „срцето ми беше допрено“. Кој изгубил, ме разбрал…“, кажа министерката.

Целото интервју на министерката Костадиновска – Стојчевска, можете да го прочитате ТУКА

Previous articleМаја Оџаклиевска избега на село и искрено кажа како живее таму- ова е причината зошто заминала од Белград
Next articleСтаил песто евра у џеб, се вратил во Драчево и се понаша, глуматари нешто – не за џабе рекле старите, дај му на човек пари да го видиш каков е