Home Live Стаил песто евра у џеб, се вратил во Драчево и се понаша,...

Стаил песто евра у џеб, се вратил во Драчево и се понаша, глуматари нешто – не за џабе рекле старите, дај му на човек пари да го видиш каков е

Нашите стари кажале многу поговорки, кои кога ќе се размисли, „држат вода“. Една од нив е: „Дај му на човек пари, да го видиш каков е!“

Токму за ова ни пиша наша читателка од Драчево.

-Живеам во село Драчево и намерно викам село, бидејќи многу мои соседи кога ќе ги прашаат од кај си, викаат од Скопје, некако како да им е незгодно да кажат од Драчево, а Драчево сите знаеме дека не е Скопје.

Не знам од каде тој комплекс, ама тоа од дете сум го забележала кога одевме со другарките на одмор во Охрид. И кога ќе не прашаа од кај си, од Скопје велеа. Јас си кажував гордо од Драчево. Јас сум горда Драчевка и точка.

Ама не ми е сега тоа муабетот, туку нешто друго. А тоа друго е колку човек може да биде селанец во душа, независно од каде потекнува, дали од центар на Скопје, од Драчево, Лозово, Битола или кое и да е друго место.

Имам еден Дејан комшија тука, од оние луѓе шо до своја триесетта година бараше од неговите сто денари да оди да пие кафе или да лигави некоја пијачка. Значи од оние неработници луѓе.

Е тој Дејан (не верувам дека него му текнало, сигурно некој го поучил), лани извади бугарски пасош. Ваљда чекал некоја година, шо го знам. И некаде пролетта отиде за Германија.

Како шо чув, го вработиле наши луѓе, му помогнале на некоја лента таму во некоја фабрика нешто да работи. Живеел, плаќал кревет во соба. Дури немал ни сопствена соба колку што знам. Значи нешто минимално плаќал за сместување.

Нема дечкото ни жена ни дете ни коте. Дај Боже да има во иднина. Е тој Дејан, шо го знаеме сите кој беше, пред Нова година, дојде во Драчево со Мерцедес Е класа, ама некое 2008-2010 годиште.

Купил нови тренерки, некоја златна алка или нешто бижутерија, шо да е и у кафана собрал 5-6 души другари маалски тука ги части пиво. Вика, мислиш Монт еверест го освоил.

Јас со другарка седев на другата маса. Раскажува батето вака било у Германија, онака било. Волку пари правел, онолку правел. Луѓе се вртат од маси не им се верува што му е на човекот.

Најсмешно од се е што до вчера чоечево беше безгласна буква. Барем ние што го знаеме, знаеме дека е така. Сега, абе што да ви кажувам. Стаил песто евра во џеб, дошол тука и се понаша, глуматари нешто.

Абе, абе да се искинеш од смеење. Ќе помине година, две, можда Дејан ќе направи сериозни пари, може нема да направи ништо, небитно.

Секој со своја среќа. Но не случајно се рекло, дај му на човек малку пари или малку власт и ќе му го видиш умот и карактерот.

Исто беше и со мајка ми на работа. Колегата нејзин петнаесет години што седеа биро спроти биро на работа, беше член на една мала партија. И таа негова партија на избори пред дестина години влезе во коалиција со ВМРО, а колегава на мајка ми го ставија шеф.

Па мајка ми неможеше да си поверува. Абе вика со чоеков леб јадевме заедно секој ден, кафиња му варев, истомисленици бевме. Си зборувавме за политика, критикувавме власт заедно.

Кога го ставија шеф, јас си продолжив по старо со другите колеги и колешки, си коментиравме за актуелни политички состојби, се зезавме да ни помине време.

Кога, еден ден, вели мајка ми, ме вика шефчево мое, поранешниот најблизок колега у канцеларија и ми вели: -Снежо, престани да збориш за политика и да критикуваш власт. Инаку, ќе морам да те пратам во подружница во Петровец, така да си знаеш.

Чекај бе Стојан, му рекла мајка ми. Па до вчера заедно се шалевме и коментиравме.

Ти беше тој најгласен кој зборуваше за неправдите кои се прават, му рекла мајка ми. Џабе, ќутел. Тоа е драги мои, такви се луѓето.

Името и презимето познати на редакцијата

Фото: Илустрација

Previous articleСе отвори министерката Костадиновска- Стојчевска, кажа каква е приватно и како живее далеку од семејството
Next articleЗа Каролина мислевме дека знаеме се, но исплива оваа тажна приказна од нејзиното минато