Home News Таравари Арбен се изјасни дали е можно да влезат во Влада

Таравари Арбен се изјасни дали е можно да влезат во Влада

Деновиве повторно се актуелизираа превирањата во најголемата партија кај Албанците, Демократската унија за интеграции, по излегувањето на терен на фракционерите, кои бараат оставки од министрите Груби и Османи.

Првиот човек на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, уверува дека парламентарното мнозинство е стабилно. Коментирајќи ги изјавите на Таравари, Ахмети рече дека се прават обиди за формирање Алијанса за обединета Европа.

„Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап за создавање на Алијанса за обединета Европа. Да видиме колку ќе функционира и колку ќе ја реализираме оваа филозофија.“, вели Али Ахмети.

Но, се чини дека другата владејачка партија Алтернатива, не го поддржува влезот на АА во Владата. Иако не се произнесоа „против“, секретарот, Зеќирија Ибрахими, вели дека влегувањето на опозициската партија во Влада е непотребно и дека тоа може да ѝ служи само на партијата на Али Ахмети, за како што рече, за да се амортизира незадоволството што се случило во овој субјект.

„Не знам дали Демократската унија за интеграции ќе биде поделена, но дека на ДУИ ѝ недостигаат бројки во Собранието тоа е повеќе од очигледно.

Посакувам Алијанса да не ја има само оваа улога – да ја пополни бројката пратеници што ги изгуби Демократската унија за интеграции. Како и да е, тоа се одлуки што ги носи АА. Кажав и претходно, тесно ќе соработуваме кога ќе станат дел од Владата“, посочи Зеќирија Ибрахими.

Арбен Таравари, лидерот на Алијанса на Албанците, во синоќешната емисија „Клик Плус“, рече дека меѓународниот фактор бара АА да влезе во Влада.

Во моментов постои веројатност да бидеме дел од Владата и тоа го анализиравме и третираме како прашање во партиските структури, секогаш размислувајќи за доброто на граѓаните, за доброто на државата, за движењата или обврските што треба да ги преземеме.

Тие се во согласност со политичките фактори, така да кажам, кои се релевантни во албанските подрачја, но и со меѓународниот фактор“, вели Арбен Таравари, а пренесува ТВ21.

Инаку, Алијанса за Албанците сѐ уште чека на конкретна понуда од извршната власт за евентуален влез во Владата. Од партијата велат дека доколку добијат таква понуда, ќе изготват конкретна платформа со барања, како одговор до извршната власт.

Извор: ТВ21

Previous articleЗа Каролина мислевме дека знаеме се, но исплива оваа тажна приказна од нејзиното минато
Next articleВалентина со дрвја и камења по наша национална телевизија- Емисија не се праи во кафана- биртија