Home Live Валентина со дрвја и камења по наша национална телевизија- Емисија не се...

Валентина со дрвја и камења по наша национална телевизија- Емисија не се праи во кафана- биртија

Статус на Валентина Ѓорѓиевска- Парго која на Фејбук е потпишана како Валита Хефнер Кеидис. Нашата позната новионинарка парче направи една позната телевозија, а и АВМУ.

– Може да ми се лутат колку сакаат и како сакаат, од една телевизија која на времето беше најмодерна и најпрогресивна, сега е спротивно од тоа. Ја гледам пошто мојот родител е зависен и така ни е наместен каналот и тоа гледаме.

Најпрво така ме растревожуваше, сега отрпнав. Мене ме ежи целата таа патетика и мо р-бидност на овој медиум последниве години, но во недостаток на квалитетен опозициски медиуми,

сите гледаат (или ај: гледаме ) пошто нели (Македонија, Макеоднија) и си мислиш дека нешто со тоа се прави, а нив им е секако само гледаност и профит.

Едно време имаше некакви си газди Србија па од Унгарија, алоо како може странци да држат главни медиуми во една земја… АВМУ е најголемиот непријател на државава.

Еве слободно нека ми побараа извинување или било што за оваа констатација, нема да им се извинам. Не навлегувам дали во неа работата професионални новинари и колку се тие ок приватно.

Но, кој ја креира таа политика и овој концепт? Дали она личи? Се коси со нормалното и со сите принципи на модерен медиум.

Не е демократија да може секој да каже што ќе му текне, туку да си ја каже својата мака и да бара решение за тоа.

*Телевизијата не е Хајд Парк!!! Емисија не е да отвориш линии за луѓе кои можеби си имат секави проблеми.

Емисија не се праи ако имаш спонзор ,сопруг или форма па ајде во слободно време сме на телевизија.

Емисија не се праи во кафана и да е ко кафана/ биртија. Емисија не се праи со новинари кои не се новинари или се новинари од забава.

Водител или водителка не може да биде секој што цел живот чекала за тоа а не може да говори јасно, голта букви, зборови, ами речити и дикциски јасни лица.

Водителките на отворени програми не треба да се караат со гледачите (дури и на пониско ниво од нив)

Спикер или спикерка на вести не треба да читаат акцентирано- и со ситење кога нешто им се допаѓа или не, за да звучи како сугерирање.

Истите луѓе не се викаат на гости, еден куп творци, креативци, добро теми, никако не наоѓаат свое место, и да се јавиш да им предложиш на некоја тв, ќе те одбијат или нема ни да ти одговорат…

Човек во мака не се остава да доискаже и доисплаче пред камера колку за сензација, а кога е во ситуација на негов најнизок стадиум од животот.

Гледачот не се остава на тв ко празна воденица да избрбља се што му е наталожени во неговиот можеби затнат мозок, и на крај да му се рече –

“ама ве молам без говор на ом- р аза и без национализам, оти ќе ве исклучиме”, откако тој си добил минути на тв …

Критериумите се спуштени на најниско, демократијата е загрозена. Поточно, ја загрозуваат. Нема оправдување !“, напиша меѓшудругото Валентина во статусот.

Previous articleТаравари Арбен се изјасни дали е можно да влезат во Влада
Next articleОваа убавица Горан Кукиќ ја бакнал, место Ленче- еве ја причината зошто го сторил тоа