Home Live Возачот си пушеше, око да не му трепне- цел автобус смрдеше, а...

Возачот си пушеше, око да не му трепне- цел автобус смрдеше, а како да вози компири- Јана објасни што се случува во градскиот превоз

Во врска со автобускиот превоз во Скопје кој последниов период е доста актуелен во јавноста, статус напиша Јана Ѓорѓинска, која е корисник на јавниот превоз во нашиот главен град.

Таа се осврнала на нејзиното искуство во возењето со автобусите последниве денови, и детално од права рака и спореед нејзино искуство објаснила што се случува во градскиот превоз.

– Периодов често се возам во автобус, ем да намалам мое учество во загадувањето кога сама се возам со кола до и од работа, ем зошто се покажа згодно – од последна станица на 3ка – најчесто на таа линија нови до релативно нови автобуси…

Брзо стигам до дестинацијата, не се замарам, си гледам луѓе (а ладно ми беше за на е-тротинет или точак или пешки толку насабајле).

Но, перидоов се возев и со други линии, и такви што тргаат од приградски населби, и пофреквентни линии: 2, 5, 7, 15, 15А, 23, 27, 32, 44, и тн., имам интересни заклучоци:

За денес: 3 заклучоци и еден куриозитет JSP Skopje (ЈСП Скопје)

Заклучок 1: не е доволен ни одблиску овој број на автобуси што ги имате секојдневно во оптек. Ни од близу! Луѓето се туткаат, стари млади, од гужва дури не можеш ни да станеш за да отстапиш место на постаро лице.

Не видов да влезе некој со количка, ниту родител со бебе во количка – ама не знам ни како би влегле искрено со толку гужва. Елем, периодов ако тргам рано пред 07:30, релативно Ок е во смисла на колку ќе се наполни автобусот.

Ако тргам после 07:30 веќе на пола пат, нема место ни да се мрдне човек. При тоа се уште не е завршен распустот па да ги додадеме на тоа и учениците, што значи и порано ќе е голема гужва, и во другите делови на денот исто така.

Заклучок 2: има добар дел од возачите што возат како да транспортираат вреќи компири, не луѓе. Особено на одредени линии – од моето искуство: во 2 и 32, мислев ќе искрши некој коски…

Во 2ка возачот еднаш ѝ си пушеше, око да не му трепне- цел автобус на цигари смрдеше! реагирано, фотографирано) Ова “возење на компири” не ми се случило во 3ка и 5ка, во другите знаеше чат-пат нагло тргање и закочување ама помалку одошто во 2 и 32.

Во 7 и 44 еднаш се возев, и Ок беше, но не знам дали е постојано така. Заклучок 3:

Брендирањето на автобусите мора да внимава патниците да може да видат низ прозорците каде се наоѓаат по патот.

Ништо не се гледаше низ прозорци, во неколку автобуси (со Дедо Мраз беше едното брендирање) јас на Гугл мапс си гледав кај сум, ама другите луѓе едвам се снаоѓаа со обид да ѕирнат кај се ко ќе се отвореше врата при влез и излез на патници.

Да, има екранчиња со инфо, ама не секаде работат воопшто, некаде се закочени на една станица, а некаде си функционираат да, но во гужва не секој може да ги види.

Куриозитет: Ова повеќе така интересно искуство – муабетите драстично се различни во 3,5,15, преку 7, 23 и 27, до 32,44 и 2ка. Некои типови на муабети се поклопуваа, ама некои се од тотално други светови.

Нормално ќе речете, да, очекувано, град-приградска населба-село: различни секојдневија, преокупации, се согласувам – ама сакав да ди кажам: многу ми беше интересно, а богами и информативно“, е статусот на Јана.

Previous articleИ ова се случи: Цеца ѝ стави лајк на Карлеуша, иако со години не се мирисаат, а истото го стори и Анастасија
Next articleСузана Гавазова има најјак мантил за дожд, ама уште појако е она што се гледа под него (ФОТО)