Home Live За Каролина мислевме дека знаеме се, но исплива оваа тажна приказна од...

За Каролина мислевме дека знаеме се, но исплива оваа тажна приказна од нејзиното минато

– Омиленото место за живеење е кај што ти се луѓето што ги сакаш. Мене сите ми се овде, во Битола и Скопје и што ако одам да живеам на некоја светска дестинација ако овде ги оставам семејството и пријателите.

Доволно ми е вака да патувам и да се вратам дома кај што некој ме чека“, рече во една прилика во интервју за Хибрид Македонското девојче Каролина Гочева, нашата позната музичка ѕвезда.

– Постојано учиме лекции за животот, речиси секојдневно. Некогаш се разочаруваме, некогаш пријатно се изненадуваме, за жал, почеста е првава ситуација.

Единствено нешто кое секогаш ми се повторува е дека никогаш, ништо не е онака како што од надвор изгледа“, рече Каролина за истиот медиум.

Сопругот на Каролина, Михаил Корубин е урбан уметник, смирен, приземен, одлично воспитан. Потекнува од лоза на уметници.

Неговиот татко Рубенс е еден од најпознатите наши сликари, а Лиле, неговата мајка е модна дизајнерка и создава витражи.

Гените си го направиле своето, ама Михаил е различен, уникатен и посебен. Веројатно и нашата поп дива Каролина ги видела овие вредности. Во брак се две години и функционираат како едно.

Михаил ретко дава интервјуа, па ја имаале честа од “Машки магазин” да сподели дел од себе, животот со саканата, уметноста и љубовта како движечка сила…

* Како функционирате со Каролина со оглед на тоа што и двајцата работите уметност во која се внесуваат чувства?“, го прашале Корубин од Машки магазин, а тој на ова одгворил:

– Ја делиме уметноста заедно, нема слика која и ја немам покажано пред да ја завршам.

Каролина има одлично око и често ќе се фати за некоја работа која воопшто не ја гледам, го знам нејзиниот израз на лицето и не може да ме излаже ако не и се допадне, а и “вајс верса” ја слушам секоја нејзина песна пред да излезе.

Таа е филмоман како мене и бев изненаден какви филмови можеме заедно да гледаме, така што скоро се гледаме заедно.

Ние живеевме заедно и пред бракот, тоа е само еден вид официјализирање, убавината е во заедничкиот живот, а тоа би го правеле и без бракот.

После толку време заедно мислам дека си ги знаеме сите ”цаки”, така што погледот е доволен. Научивме многу еден од друг, доволно сме различни во позитивна конотација за да прифатиме нови работи еден од друг.

-Веројатно постои машка и женска уметност во моментов но не треба да има поделби, уметноста треба да биде ослободена од таков начин на перцепирање, не знам зашто тоа би имало некаква улога, освен ако има некоја конкретна порака, другото е небитно.

Луѓето се прашуваат дали еден би творел ако нема публика која би имала допир со делото, и одговорот е да, уметниците ќе продолжат да творат, но дали делото би било различно е поинтересно прашање.

Ако навистина нема кој да ја види уметноста веројатно креацијата би била недопрена од стравот на туѓото мислење и можеби во најчиста и најлична форма со самиот творец.

Тоа е се во ред, но од друга страна набљудувачот ни е потребен, без него е само експресија на парче хартија, огледало на личната имагинација, и без никаква интеракција од светот, делото е физички присутно но не и живо“, рекол Корубин во Машки магазин.

Каролина во една прилика гостуваше во емисија на порталот „Репортер.мк“, во кое зборуваше за својот професионален живот но и приватен живот, а за првпат откри нешто што досега не кажала во јавност.

Имено, родителите на Каролина се разведени, тие повеќе од 20 години не живеат заедно, но и денес се големи пријатели.

„Кога се разведуваа тоа го направија да не приметиме јас и сестра ми. Тие денес се во одлични односи. Заедно сме за празници, родендени и таков цивилизиран однос меѓу разделените родители мислам дека е најдоброто нешто за децата.

Татко ми е човек што не сака да го има на социјалните мрежи, ама кога сме заедно, на нашите ручеци или собири, секогаш гласно дебатираме и зборуваме за сè“, открива Гочева.

За Каролина мислиме дека знаеме главно доста нешта, само оваа приказна од нејзиното минато изненади многумина, но таа ја раскажа на многу смирен начин во ова интервју пред неколку месеци.

Previous articleСтаил песто евра у џеб, се вратил во Драчево и се понаша, глуматари нешто – не за џабе рекле старите, дај му на човек пари да го видиш каков е
Next articleТаравари Арбен се изјасни дали е можно да влезат во Влада