Home Live Го одби овој подарок за роденден на оригинален начин- Еве колку години...

Го одби овој подарок за роденден на оригинален начин- Еве колку години наполни Драгана Мирковиќ

Балканската фолк дива Драгана Мирковиќ важи за една од најуспешните и најомилените фолкерки не само на овие простори, туку и секаде каде што живеат нашинци од Балканските простори.

Фолк пејачката Драгана Мирковиќ е една од најнаградуваните пејачки и најпозната на Балакнот. Таа ги оставрила сите свои сонови во текот на кариерата.

Со сопругот Тони Бијелиќ, синот Марко и ќерката мануела живеее во раскошна вила во Виена, а како што изјавила има доволно пари за повеќе никогаш да не излезе на сцена.

– Живеам надвор од земјата, имам прекрасен брак и семејство. Живеам прекрасен живот, одам на патувања, добив се тоа што го сакав дури и повеќе од тоа.

Не постои ништо поради што би морала да работам, освен љубовта кон публиката, изјавила фолк пејачката.

Нивната вила во Виена е лусксузна, има базен, многу драгоцени предмети кои се обвиткани со Сваровски кристали. Тие поседуваат и фирма која продава автомобили, имаат ТВ станица во Србија, возен парк… колку Драгана ги цени своите соработници свдочи информацијата дека поклонила дури автомобил „јагуар“, пренесуваат српските медиуми.

Нејзините концерти во Србија, Македонија, Бугарија, но и во Австралија, Германија, Америка, Швајцарија се секогаш исполнети до последно место, а таа возвраќа со прекрасна енергија која придонесува за одлична забава и пеење во еден глас на незјините хитови.

Драгана Мирковиќ е родена пред 55 години во Касидол и тогаш никој не претпоставувал дека ќе биде толку успешна.

Денес, Мирковиќ живее во Виена заедно со нејзиниот сопруг и децата, а селаните од нејзиното родно место открија непознати детали за животот на пејачката.

За „Pressonline“ по зборовите на мештаните Мирковиќ своето родно место го посетува во текот на летото.

Во центарот на Белград се наоѓа и продавница каде што Драгана редовно пазарува, а продавчката објасни дека Мирковиќ секогаш кога ги посетува родителите купува кај неа во продавница.

“Пешки доаѓа во продавница и купува основни намирници. Секогаш има шминка, но знае да дојде во хеланки и папучи.Сите кои сакаат да се фотографираат со неа им излегува во пресрет“, вели Марија од продавницата.

Една од селанките изјави дека Драгана имала голема љубов во селото.

„Имаше момче додека беше во селото, како секоја тинејџерка. Кога доаѓа им помага на родителите, но никогаш не оди на нива со нив“ вели Зорица.

Една од омилените пејачки од овие простори прослави роденден. Популарната Гага наполни 55 години, а честитките на нејзиниот Инстаграм профил допрва се доаѓаат.

Драгана Мирковиќ е позната како негувана жена која на достоинствен и природен начин го прифаќа стареењето. Таа ги носи своите години како што доликува на жените кои се сигурни во себе и во својата вредност.

Сепак, овој пат сакаше да се пошегува со следбениците на Инстаграм, играјќи на стравот од годините. На инстаграм стори можеше да се види како Драгана држи балон во форма на број 5. Додека го држи таа е среќна како вистинска девојка.

На видеото потоа се гледа како некој сака да и додаде уште еден идентичен балон во бројот 5 и на тој начин го формира двоцифрениот број 55, исто колку што полни оваа пејачка.

Драгана многу духовито го глуми паничното одбивање да го прими вториот балон, инсистирајќи дека е подобро да имаш 5 отколку 55 години.

Сепак, сето ова беше добро направена шега. веќе во следното стори таа ги држи двата балони додека радосно позира во својот замок под виенскиот рококо таван.

Previous articleСе венча ли Васил Гарванлиев со Џејсон во Њујорк, еден детал во неговата објава открива многу (ФОТО)
Next articleМајката на Северина е болна, а пејачката не ѝ дава да се дружи со другата ќерка- сестрата со која Севе очи не сака да си види