Home Live Игор: Не сте мрднале од Скопје подалеку, а ни делите памет на...

Игор: Не сте мрднале од Скопје подалеку, а ни делите памет на нас од дијаспората да се вратиме назад

На социјалните мрежи, секојдневно може да се забележат расправии, меѓу Македонци кои живеат во дијаспората и оние кои живеат во матичната држава.

Главните забелешки кон нашинците о странство се дека тие ја напуштиле државата и сега немаат право да се мешаат и да ги коментираат внатрешните счлучувања.

Односно, доколку сакаат тоа да го прават, да се вратат во Македонија…

Но дали е тоа баш така? Еве како размислува нашинец кој живее во Соединетите Американски држави.

-Се викам Игор С. и потекнувам од мало рударско гратче во источниот дел од нашата држава. Моите беа работници, живеевме скромно, но сега со нивните пензии не се врзува крај со крај. Не сум оженет, па лесно се одлучив да заминам.

Сега овде работам како физички работник. Да, економист сум, ама копам канали. И не се срамам, бидејќи заработувам по 150 долари дневно. Од работа нема срам.

За овие години, овде запознав многу Македонци и на тие што зборуваат дека ние што сме се отселиле од Македонија, немаме право да ги коментираме актуелните настани во државата, ќе им кажам дека сите, ама баш сите си ја сакаат и копнеат по татковината.

Главните коментари насочени кон нас се, што не се вратиме од таму каде сме отишле, па во државата да се залагаме за подобрување на животот или против штетните политики кои се водат.

Господа, каде да се вратиме. Односно има каде, но од што да се живее?

Мрднал ли некој од вас надвор од Скопје за да видиш дека во помалите места нема речиси никаква можност за просперитет на професионален план.

Сте слушнале ли дека цели села, па и мали градови се иселени.

Еве да отворам некој дуќан, или да работам нива, на кого да му ја продадам стоката?

Е токму поради тоа, некои донесуваат заклучок, дека ние што сме надвор од МК, немаме право да се мешаме во внатрешните работи на матичната држава. Имаме бре пријатели, и тоа како имаме.

Можеби моите деца ќе се вратат и ќе живеат таму, можеби јас ќе се вратам, што знаеме што носи животот. И верувајте, не ми е сеедно дали ќе се вратам во мојата Македонија, или во некоја безимена држава.

Велите дека ние овде сме седеле со скрстени раце и ништо не сме правеле. Па гледате ли вие телевизија. Знаете ли само колку про тести се организираа во дијаспората против промената на името.

Зар не го видовте грандиозниот протест во Австралија пред неколку години, кој го пренесоа речиси исте светски медиуми.

Велите нам ни било лесно. Не другари, вам ви е лесно. Излегувате секој ден по кафиња, петок и сабота се враќате во три сабајле дома. Мама наутро ти спрема појадок.

Си земаш во Скопје некоја пристојна платичка и што би се рекло, се “пењавите” на нет. Јас, со завршен економски факултет, копам канали за дневница. Па сега видете кому му е лесно.

На крајот, сакам сите да ве поздравам, да ви посакам многу здравје. Бог да ни ја поживее нашата прекрасна држава, нашата најмила Македонија.

Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата

Previous articleСите ќе посакаат во теретана кога ќе ја видат Вера Мештеровиќ во вакво издание (ФОТО)
Next articleНенад Јовановиќ: Начинот на кој Героски пишува е тенденциозен и опак