Home Live Лани многу ги разочараа нашинците во Шведска, а сега објавија убави вести...

Лани многу ги разочараа нашинците во Шведска, а сега објавија убави вести за нашите во Америка- Еве што напиша Анета Молика на Фејсбук

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација.

Нејзиниот талент бил забележен уште на рани години, а мајката на Анета, госпоѓа Лиљана Љумаковска во интервју за svet-australia.com проговори за детството на пејачката.

„Анета како дете беше многу мирно и скромно дете. Од најрана возраст, велам најрана затоа што беше многу малечка се уште одеше во градинка, сакаше да пее. Имаше околу три години кога забележав дека пее интонативно точно.

На 9 годишна возраст ја пријавив на популарниот детски фестивал „СИ-ДО“ каде конкуренцијата беше голема. Анета на аудицијата ја отпеја песната „Свирејте ја зајди зајди“ од Олгица Христова.

Жирито беше воодушевено, едногласно беше примена на фестивалот. Таму ја испеа песната „Среќна сум“ и тоа беше нејзино прво појавување на сцена. Нашето мирно девојче на сцена изгледаше многу поинаку“ вели мајката на Анета.

Лиљана истакна дека таа и шиела гардеробата на Анета на почетокот на кариерата.

„Анета уште од малечка беше правилно воспитана и насочена кон вистинскиот пат. Главно мото во моето воспитување беше да биде добра, искрена и чесна.

Да ги сака луѓето и да помага таму каде што може да помогне. Мислам дека успеав од неа да направам вистинска личност вредна за почит“ вели Лиљана.

Мајката на Анета исто така истакна дека многу му е благодарна на затот што го исполнил ветувањето од Анета да направи ѕвезда.

Анета Молика е особено ценета и очекувана во Европските и прекуокеанските земји Австралија и Амеирка, каде со задоволство ја пречекуваат, а салите каде таа настапува се преполни.

Анета на својот Фејсбук профил додаде нова објава поврзана со настапот за Нова година во Шведска на крајот од 2021 година, во Гетеборг, кој требаше да се случи за нашинците таму, но веста којаја објави за нивна жал не е добра:

– Почитувани ФБ пријатели, ве известуваме дека дочекот на Нова 2022 година кој требаше да се одржи во Гетеборг, Шведска се откажува.

Шведските власти донесоа одлука за забрана на поголеми манифестации од 50 луѓе поради новата ситуација со Кови дот.

Се извинуваме и се надеваме дека во блиска иднина ке помини и ова лудило. АНЕТА И МОЛИКА“, стои во објавата на оваа наша популарна пејачка и група.

Потоа, стасаа многу коментари со разочарување , но и со поддршка за групата „Молика“ од нивните обожаватели.

Анета и Молика објавија убави вести за нашинците во Америка, дека продолжуваат понатаму, тоест дека ги чека уште забава во нивната песна, а распоредот оди вака:

Полчитувани, продолжуваме со наши настапи во Америка! 21.јан2 023 Детроит-Македонска црква од 19х, 22.јан 2023 Рочестер-Македонска црква од 14х, стпи во објавата на Анета и Молика кои им се секогаш верни на своите обаватели.

Previous articleВрчак искрено кажал зошто го снемало сите овие години, ама и што му рекле мајка му и татко му, кој е познат доктор
Next articleДарио кој има јака љубовна приказна со сопругата се огласи со голем повод и порача: Ова нема да биде точка, туку запирка и голем извичник!