Home Live Марија од „Ѕвездите на Гранд“ си замина од татковината па пак се...

Марија од „Ѕвездите на Гранд“ си замина од татковината па пак се врати, објави многу емотивно видео

Минатото лето порталите многу пишуваа за свадбата на Марија Груевска, убавата битолчанка која ја знаеме од „Ѕвездите на Гранд“ и на нејзиниот партнер Синиша Стојаноски.

Тие во август минатата година направија голема свадба со сите адети во близина на Битола. Инаку, убавата венчаница која привлече големо внимание во медиумите била креација на мајката на Марија.

– Чувството е неописливо, сè уште не можам да се освестам и да поверувам дека сум била во реалноста и дека мојот сон се остварува…

Граѓанскиот брак пред матичарот беше како во филм, пред манастирот и пред најблиските а венчавката беше вечерна пред сите 600 гости. Сите оние кои ги сакам беа на едно место.

Истата одеше во живо на видео бим, за да може да ја проследи секој гостин“, раскажала Марија за свадбата во Женски магазин за која претходно кажа дека е можно да трае и три дена.

– Со Синиша се запознавме преку Инстаграм по моја “вина”. Го сакам затоа што е посебен и затоа што секогаш кога сум во негова близина треперам како да го сретнувам одново и одново. Ме поддржува и имаме исти гледишта во животот“, рекла Груевска.

-Сметам дека секоја сцена е предизвик, но искрено, би била среќна ако некогаш во животот, заедно со останатите членови од тимот на кој припаѓам, успееме да направиме некоја поголема турнеја… Но тоа е еден огромен сон..

Верувам во себе, во членовите на тимот и верувам дека чудата се случуваат само ако сите кои сме дел од нештото, вложиме максимална енергија и труд… Тогаш се случуваат чудата…Тогаш се случуваат соништата!

Зад сцената е како и зад секоја сцена на вакво или слично шоу. Бара многу труд, подготовка, логистика и секако финансии, за сето она од зад сцената да изгледа вака како што изгледа на телевизиските екрани.

Морам да кажам дека иако се „големи” тие се многу достапни и обични луѓе. Секако ако некој од нас е во некој свој филм, тие стануваат недостижни, ама само за таквите.

За среќа јас сум раскрстила со суетата и некако супер сум прифатена. Им благодарам за тоа. Сепак пред сѐ сите сме само луѓе“, кажала Марија за порталот Шеталиште додека пееше во Ѕвездите на Гранд.

Марија одамна не се појавила на социјалните мрежи, а во октомври минатата година таа објави слики од Германија, со емотикони на авион и зграда, што значи дека таа се има преселено во Германија.

Оваа слика е всушност една од последните на нејзиниот Инста и Фејсбук профил, што значи дека нашата убава пејачка се повлече од социјалните мрежи.

Марија сега е пак во татковината, а овој чивек- нејзиниоот татко Дуле е мнопгу важен за неа, па опбјави емотивно видео како со него си пее со него.

Песната е „Сачувај тајну љубави моја“,и станува збор за доста емотивна изведба помеѓу татко и ќерка.

Дали снимката со татко ѝ значи дека Марија се враќа во татковината засекогаш или е само на посета, останува да видиме..

Previous articleТесен и краток фустан на прерамки- Во вакво издание не сме ја виделе Кате од „Нели ти реков“ (ФОТО)
Next articleРосоклија раскажа што им се случило на играчите на Вардар, кога ги виделе како се дотерани играчите на Реал Мадрид, пред повеќе години