Home Live Росоклија раскажа што им се случило на играчите на Вардар, кога ги...

Росоклија раскажа што им се случило на играчите на Вардар, кога ги виделе како се дотерани играчите на Реал Мадрид, пред повеќе години

Македонската јавност е разочарана по последните порази на македонската репрезентација во ракомет, на првенството во Полска.

Покрај дежурните „аналитичари“, кои ги лоцираат виновниците за слабите резултати, има и такви кои се обидуваат да ги лоцираат причините и да ги оправдаат младите ракометари.

Еден од нив е професорот Горазд Росоклија, кој раскажа што им се случило на играчите на Вардар,. пред многу години:

„Селекторов наследи играчи спремни за врвни натпревари со најдобрите тимови во светот и лошо го водеше тимот, или има обврска да гради тим од млади неискусни играчи, за некое наредно светско првенство?

Македонија имаше златна ракометна генерација која не размази со успеси.

Дали и кога ќе имаме слична генерација, не знам, но ќе треба да навикнеме дека за земја со 1.5 милион луѓе, со мизерни вложувања во спортот и во културата, успех е учеството на светско првенство.

Во колку спортови и воопшто во колку области тоа ни успева? Дали е Лазаров добар или лош селектор не знам, но мора да знае многу повеќе од ФБ плукачиве, а таква спортска величина е мотивирачка за секој играч во тимот.“

Па во коментар, продолжува:

„Пред повеќе години, еден од славните играчи на Вардар и тренер на младинскиот тим, Васко Кокиновски-Макара, ми раскажува за гостувањето на младинскиот тим на Вардар, кај младинскиот тим на Реал Мадрид, во Мадрид.

Во тоа време младинскиот тим на Вардар е шампион на Југославија со успешни европски настапи, можеби европски првак (не знам точно, зборуваме за нешто што се случувало пред 50 години). Младинците на Вардар и на Реал, треба да се предигра на натпревар на Реал Мадрид. Макара раскажува, “вечерта пред натпреварот одиме во просториите на Реал Мадрид.

Таму не дочекуваат нивните млади играчи. Напицени, дотерани, одела, кравати, амблеми, коси залижани…Ние, само што ги видовме ни “клецнаа“ нозете. Утредента, излегуваме на терен, стадионот на Реал преполн. Ние ако не уплашени, сигурно збунети. Само што почнавме, ни дадоа гол.

Знаеме дека сме подобри од нив, можеби за класа, но нозете ни се парализирани.

Постепено се ослободивме, почнавме да играме и дадовме гол. Натпреварот заврши 1:1.“

Некој треба да седне и да разговара со младите ракометари кои отидоа на светско првенство, како се чувствувале, како го доживеале првенството, што размислувале во тек на натпреварите, дали го дале својот максимум и ако не, што мислат тие, што ги спречувало да бидат најдобри што можат?

Ова може да му биде од полза на тимот за некое наредно првенство.

Previous articleМарија од „Ѕвездите на Гранд“ си замина од татковината па пак се врати, објави многу емотивно видео
Next articleСе венча ли Васил Гарванлиев со Џејсон во Њујорк, еден детал во неговата објава открива многу (ФОТО)