Home Live Се венча ли Васил Гарванлиев со Џејсон во Њујорк, еден детал во...

Се венча ли Васил Гарванлиев со Џејсон во Њујорк, еден детал во неговата објава открива многу (ФОТО)

Пејачот Васил Гарванлиев ѝ е познат на македонската јавност како детето што ја испеа познатата песна „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“ пред многу години. Во 2019 година пееше како придружен вокал на настапот на Тамара Тодевска на Евросонг.

На „Википедија“ пишува дека Гарванлиев е роден во Струмица на 2 ноември 1984 година. На музичката сцена првпат се појавува на 7 години, а детската песна „Марионка“ станува евергрин.

„На 10-годишна возраст се преселил со семејството во САД. Кога имал 17 години, неговото семејство било депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперска музика, тој пеел поп-соло.

Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години. Од 2018 години повторно се вратил во Македонија и живее и работи во Струмица“, пишува на „Википедија“.

Во Ротердам во мај во 2021 годинасе одржа свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија, на кое продефилираа сите земји учеснички на изборот за најдобра песна во Европа.

Нашиот тогашен евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, за ваквиот настан избрал интересна модна комбинација со уникатен детаљ. Тој се појавил облечен во долг црн елек, црни панталони и блуза, а на главата носел круна направена од неколку парчиња огледало.

Васил за официјалниот сајт на Евровизија го открил значењето зад круната од огледала. „Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали таа е добра или лоша“, изјавил тој.

Васил Гарванлиев пееше 6-ти по ред на 18 мај во првото полуфинале, и не успеа да се пласира со песната Here I Stand во финалето кое се одржа на 22 мај во 2021 година.

Последнава година, Гарванлиев живее во Чикаго, откако си замина од Македонија и од родната Струмица. Од Женски магазин во дна прилика го прашале: Дали си среќен, кои ти се главните ангажмани таму?

-Живеам многу мирно и среќно. Дојдов со намера да снимам албум, љубовта тропна на вратата, и сега секое утро се будам во Чикаго насмеан и опкружен со три весели кучиња.

Главни ангажмани пред да почнам со настапи ми се часовите по пеење со професор од Париз, конечно помагам на млади таленти со многу потенцијал дури и една две од Македонија – како вокал „коуч“, и ги спремам проектите за следните 3-5 години.

Инаку, Гарванлиев се сврши во Америка, каде што претстојува последнава година. Нашиот минатогодишен евровизиски претставник, во април минатата година потврди дека е вљубен и на како што рече на неговиот струмички дијалект „армасан“.

– Песната „Ѓердан“ ме врати дома од Лондон каде што живеев една година и имав листа на работи кои сакав да ги реализирам и исполнам. Откако повеќето зацртани проекти ги завршив, се случи целата драма со „Евровизија“.

Времето го искористив за рефлексија за тоа каде и како сакам да творам и живеам. Јас не заминав од Македонија со цел да не се вратам, едноставно животниот пат ми се промени откако се запознав со Џејсон.

Горчливото искуство и линчот што го доживеав ми помогнаа во одлуката да се преселам во Чикаго. И ако треба да дадам значење од денешна перспектива за се‘ тоа што се случи би рекол дека тоа искуство и пат ме донесеа до љубовта на мојот живот.

Џејсон е една прекрасна скромна личност, со многу интересна животна приказна. Инаку е успешен невропсихолог, посветен партнер и воедно мој најдобар пријател.

Во моментов учи струмички зборови и фрази, додека Езми, Тина и Шерон (нашите кучиња) учат литературен македонски, рекол Васил.

Сега, тој е Во Њјорк, а не во Чикаго, и често на социјалнитре мрежи објавува слики како ужива во Големото јаболко. Таму, тој ја пречекал Новата година, секако заедно со Џејсон.

Под сликите, Гарванлиев напишал дека создава спомени во овој град, но она што изненадува е што во еден од хаштазите кои ги објавил тој напишал Husband, што значи сопруг.

Под сликите, тие добиле доста емотикони со срциња, и останува прашањето дали Васил и Џејсон заминале во Њујорк за да се венчаат или сепак само за забава. Пејалот сигурно на Фејсбук наскоро ќе се пофали со нови детали.

Previous articleРосоклија раскажа што им се случило на играчите на Вардар, кога ги виделе како се дотерани играчите на Реал Мадрид, пред повеќе години
Next articleГо одби овој подарок за роденден на оригинален начин- Еве колку години наполни Драгана Мирковиќ