Home Live Сите ќе посакаат во теретана кога ќе ја видат Вера Мештеровиќ во...

Сите ќе посакаат во теретана кога ќе ја видат Вера Мештеровиќ во вакво издание (ФОТО)

Се знае дека Вера Меѓтеровиќ е една од најпознатите и најубави македонски манекенки, која и денеска изгледа подеднакво добро како што тоа беше случај во златните 90 – ти, а денес е водителка на Утринската програма на Канал 5.

Прекрасната Вера македонската публика ја памети како Мис на Македонија во 1996 – та година, но и како една од најекспонираните и најбараните манекенки.

Со Вера од Фешнел во една прилика разговарале за тоа што ја исполнува денеска, за тоа дали некогаш повторно би се вратила на модните писти, за семејството, децата и нејзините омилени парчиња од плакарот.

Одамна беше тоа, 1994-1995 година. Мојата прва ревија беше во Македонскиот Народен Театар за стоковната куќа „Јукан“ каде тогаш имаше гардероба од повеќе брендови.

Тогаш ги снимив и првите реклами за Алкалоид за странскиот и домашен пазар. Се сеќавам, тешко ми беше да најдам високи потпетици бидејќи носам број на чевли 41.

Мис на Македонија станав во 1996 година и бев првата мисица која официјално ја претставуваше Македонија на најстариот светски избор за убавина Miss World на кој бев секако доста забележана…

Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели…

Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос.

Нешто што прво ми падна на памет се чевлите со поширока потпетица што тогаш беа во тренд, а гледам дека и денеска се враќаат на модната сцена.

Употребувањето на многу шминка не ми го препорачуваа ниту во Македонија, ниту во странство, посочувајќи ми дека ништо повеќе не треба да се разубавува од она постоечкото.

Своевремено во 1996 година добив покана од таму, меѓутоа не отидов. Доколку го сака овој бизнис, јас тоа би и го препорачала, токму од таа академија излегоа едни од најдобрите светски имиња во шоу бизнисот, филмот и модната сцена.

Не постои жена или девојка која не би сакала да слушне вакви зборови. Јас порано вежбав активно, но сега во последниве години престанав.

Сега за сега, ангажманот околу децата ми е физичката активност, од време на време последниве две години со ветераните од КУД Орце Николов се собираме и играме па тоа ми е некоја физичка активност“, кажа Вера, но кога децата ѝ беа помали.

– Андреј има 13 години, Јована 11. Тие се извонредни деца, насмеани, среќни, дружељубиви, комуникативни, емпатични, грижиливи, вредни, културни, внимателни деца. Андреј тренира фудбал и навистина го сака тој спорт.

Јована од балерина сега тренира гимнастика, има голем афинитет кон глумата и планирам да ја запишам на курс. Двајцата се одлични ученици.

Ги воспитувам на трајни вредности, чесност, искреност, да бидат вредни, добри луѓе, да веруваат во себе, да го ценат својот труд но и трудот на другите, да се одговорни, истрајни, ги учам на здрави навики за животот, за храната, хигиената, да не се откажуваат никогаш без разлика што нема да успеат од прв пат да продолжат, и да се обидуваат сѐ додека не го постигнат замисленото.

Впрочем сѐ се постигнува, сѐ е возможно, доколку сме посветени и истрајни за да дојдеме до целта во училиштето, во спортот, во професијата, во животот“, кажала Вера за децата во Женски магазин.

Познатиот фитнес тренер Мирко Петровски објавил стори од Вера Мештеровиќ како вежба во неговата теретана Project Fit.

Кога ќе ја погледнат сите Вера како посветено вежба, сигурно дека ќе посакаат и тие, Вера во вакво издание навистина мотивира.

Previous articleНикогаш не го видела својот внук, откако замина на Еквадор пред 9 години, Гордана Деан, сопругата на Кили не дошла во Македонија- ќерка ѝ ја раскажа целата приказна
Next articleИгор: Не сте мрднале од Скопје подалеку, а ни делите памет на нас од дијаспората да се вратиме назад