Home Live Тесен и краток фустан на прерамки- Во вакво издание не сме ја...

Тесен и краток фустан на прерамки- Во вакво издание не сме ја виделе Кате од „Нели ти реков“ (ФОТО)

Сите ја сакаат поради нејзината скромностк, убавина и вокал, а најмногу поради песните, од кои најпозната е „Запри дожду“. Убавата кавадарчанка Катерина Танева Феоргиев е позната под прекаеор Кате од „Нели ти реков“.

Иако веќе не е во оваа група, таа се уште го носи овој прекар и остана позната по групата во која што со години пееше, а како што рече, се разделиле поради ко-вид кризата.

Кате во емисијата „Магазин“ на Сител рече дека во родното Кавадарци имала многу среќно детство, и дека од родителите ја наследила музикалноста.

-Живеев во една хармонија, татко ми свиреше на повеќе жичани инструменти, и многу често се случуваше, додека јас се спремам за настапи, тој да застане пред вратата на купатилото, да свири“, рече Кате.

Потоа раскажа дека пеела на фестивалот „Златно славјече“, а за неа песна напишале познатите музичари Драган Ѓаконовски- Шпато и Васил Пујовски.

-И ден- денес го носам тој став, таква сум по природа, срамежлива. Тоа беше моето телевизиско искуство“ рече Кате која со групата “Нели ти реков“ почнала да пее кога имала само 18 години, а прво почнала со забавна музика.

Потоа продолжи со приказната дека исто така татко ѝ инсистирал да настапува на фестивалите, и иако не сакала да пее народно туку рок, прифатила да пее песни со некој помодерен ритам.

-Потоа дојде „Запри дожду“ која што да бидам искрена ич не сакав да пеам, ептен народнњачка беше, нели јас задоена со друга музика, меѓутоа таа песна го направи пресвртот во мојата кариера“, рече Кате.

Потоа, Кате зборуваше за тоа дека имала шанса да стане популарна во цела Југославија, откако хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ ѝ понудил да стане пејачка на популарната група „Магазин“, каде што пееја Данијела Мартиновиќ, Јелена Розга…

-Магазин ми беа идоли. Лилјана Николовска тогаш ја напушташе групата и правела проштални концерти низ Југославија и дојдоа во Неготино.

После концертот зетот од сетра ми се качи на бина кај музичарите, јас се срамев. Тој праша: Дали е вистина тоа што го читаме во весниците дека барате замена за Лилјана и ме претстави.

Направивме муабет и му дадоа четири песни коишто требаше за еден месец да ги снимам. Меѓутоа, тие колеги коишто ги знаев тогаш за снимање не ми излегоа во пресрет. Јас ги снимив песните, меѓутоа каснев со снимките.

Јас ги пуштив песните, а татко ми беше во постојана комуникација со Тончи Хуљиќ. Во меѓувреме, тие ја нашле Данијела Мартиновиќ. Во еден разговор, Тончи му кажал на татко ми дека имам неверојатна, иста боја на гласот со Лилјана.

И да бидеме во контакт, затоа што тие имале план. Кога ќе земат женски вокал, да вивнат на врвот, и потоа да го пуштат да плови во солистичките води, па да земат друга.

Меѓутоа кај мене се случи „Нели ти реков“, врв на кариерата тогаш, таму се случи војн-ата, во Хрватска, татко ми во меѓувреме поч-ина…“, рече Кате за својата шанса.

-Јас имав и понуди да пеам со Златко Пејаковиќ, но финансиите не дозволија, и задоволна сум што сум постигнала тука, помирена сум така требало да биде“, додаде пејачката.

На Фејсбук профилот на Кате е објавена една нејзина слика од настап, на која што таа е во издание во какво што не сме ја виделе. Таа е во тесен црн фустан, со прерамки, и изгледа топ.

Сликата е ретро, од нејзин некој претходен настап, но секако е изненадување од Кате да се види во вакво едно, доста поинакво издание. Секој нејзин период од животот носи различна убавина, и со тоа ќе се согласат многумина.

Previous articleДарио кој има јака љубовна приказна со сопругата се огласи со голем повод и порача: Ова нема да биде точка, туку запирка и голем извичник!
Next articleМарија од „Ѕвездите на Гранд“ си замина од татковината па пак се врати, објави многу емотивно видео