Home Live Врчак искрено кажал зошто го снемало сите овие години, ама и што...

Врчак искрено кажал зошто го снемало сите овие години, ама и што му рекле мајка му и татко му, кој е познат доктор

Музичарот Раде Врчаковски- Врчак, на крајот од минатата година се врати на музичката сцена со нова песна и дота се коментираше ова неговот ново дело кое се вика, „Да ме лиз неш“. За Женски магазин, Раде- Врчак дал искрено интервју.

Таму зборувал што правел сите ове години, за љубовта поради која живее, за она што го научил од татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски, за албумот кој го снимил во Америка со соработниците на Бруно Марс.

Исто така кажал и за тоа што му кажала мајка му, и за научните откритија кои се негови дела, запишани се во книга, и верува дека светот наскоро ќе слушне за нив.

-Јас си живеам супер стерилно, не сакам да се експонирам многу многу, и не сакам да ми се меша никој во приватноста. Во целосниот воведот на новата песнаа, кој трае речиси два часа, раскажувам и за сè приватно а интересно што се случуваше во изминатите години, и сè на што работев.

Научни откритија кои поминаа како точни на сите професорски ревизорни комисии и беа објавени на единаесетата Меѓународна Научна Конвеција за меѓународни научни трудови при Европскиот Фкаултет во Скопје.

Сè поврзано со научните откритија е со поголема вредност од што може човек да сонува, во ова ќе се увери секој човек во иднина. Сè ова е мое дело.

Ќе излезе и книга на оваа тема во Америка, книгата е со наслов I LOVE YOU BABY, а научните откритија се дел од книгата.

Јас сум супер активен цело време и како мравка вредно работам. Пред да се случи сè со научните откритија, студирав и добив диплома од Беркли во Америка за Професионална Музичка Продукција, во Америка завршив и средно пред да почнам со студиите на Медицинскиот факултет кај нас.

Брат ми заврши одличен светски познат факултет за компјутерски науки и со години живее и работи во Америка, Американец е пратично, живее во самиот центар на Њујорк, а и мене сè ме влече да си работам во Америка.

Америка ми е во срцето, Америкаците како нација се луѓе кои посакуваат најубава иднина на сите луѓе на целата планета. Америка ме асоцира на здрав живот и љубов. Јас речиси цел живот имам митлес начин на исхрана кој е и медицински докажано најздрав за телото.

Паралено со се ова, во прегратка на најголемата љубов, снимавме и албум во Америка со на Бруно Марс инжињерот во Парамаунт, вo Холивуд, со одлични артисти од Лос Анџелес.

Америкаците се воодушевени од песните и велат дека албумот одлично ќе помине во Америка. Држете ни среќа, ако успееме со албумот во Америка, ќе успееме дојдеме до внимание низ целата планета, да имаме поубав, подолг, поздрав живот и поубава иднина на планетата земја.

Јас сум си ненадминлив гениј на свој начин, додека сутудрав на Беркли имавме еден студиски предмет целосно поврзан со технологиите во музичката продуцијат.

И од огромното лично мое искуство на овие теми, дојдов до начини за прочистување на аудио и видео сигналите, со кој се зголемуваа квалитетот, а истовремено значително се штеди енегија во домовите на милијарди луѓе низ целата планета.

Држете ни среќа да успееме во Амрика и да го споделиме ова низ цел свет.

Мајка ми ми вели “многу си убав сине, чувај се, ќе те урочи некој”, јас се смеам на ова ама вистина е дека поубаво е помирно да си живее човек и затоа приватноста си ја делам само со сите најблиски.

Да се пешачи секој ден на чист воздух препорачува секој доктор. Татко ми и кога беше генерален директор на Државна Болица и кога имаше државен шофер да го носи на работа, одбиваше со кола да го возат со цел да си пешачи и да даде пример на сите доктори.

Барем докторите да се грижат повеќе да имаме чист воздух. Од татко ми оваа љубов ми е наследена“, кажал Врчак во ова интервју.

Previous articleБабичка во сред Њујорк ми прозборе нашки: На кој јазик лафиш бе синко, на македонски ли? Ставро, Ставро, ова наше дете било…
Next articleЛани многу ги разочараа нашинците во Шведска, а сега објавија убави вести за нашите во Америка- Еве што напиша Анета Молика на Фејсбук