Home Live Еве што прави Бени Шаќири, откако се крена целата џева околу смената...

Еве што прави Бени Шаќири, откако се крена целата џева околу смената на директорот на МКЦ

Од „Без мудрости“ на „Макфест“ во 2001 година, преку преработките на домашните рок-класици, Бени и „Нон стоп“ се впечатливи музичари на домашната сцена.

Иако е рокер во срцето, Арбен Шаќири изјавува дека кај нас воопшто нема никаква музичка сцена, а камо ли рокенрол.

Освен со својот бенд „Нон стоп“, Бени може да се пофали и со богат соло музички багаж, како и со заедничкиот албум со Златко Ориѓански „Добро утро, госпоѓо“.

Во интервјуто за Женски Магазин, Бени без да штеди зборови раскажува за она што му фали на нашето живеење, и што е она што сме го загубиле како луѓе.

Се потсетува на вредностите кои ги научил од упокоениот татко, познатиот новинар и уредник во МРТ, Хисен Шаќири, и раскажува за она што со сопругата Лиса ги учи неговите синови, Мик и Бен.

За поавтентично да се доживеат зборовите на Бени, интервјуто е пренесено на неговиот оригинален скопски жаргон.

– Најтешко е денес да бидеш и да останеш човек. Преовладаат и други норми на однесување. „Лепо васпитање“ и нормалниот однос кај луѓето станаа реткост и некако сите се претопија во една сива маса без трошка емпатија и емоција, која на крајот и не одликува како луѓе-човек.

Ги нема веќе сите човечки норми! Станавме зависници од пари и алчност, бескр упулозни во сопствените намери да си ги оствариме своите налуд ничави цели. Опасно е ова кое што го живееме!

Не постои човек кого сопствената искреност не го чинела скапо, знаејќи дека живееме во свет во кој доминираат итрината, хипокризијата, и бескрупулозноста за да се дојде до саканата цел.

Јас цврсто одбирав и одбирам да бидам на страната на отвореноста, храброста, чесноста и искажувањето на сопствениот став, така што со мене сите се на чисто“; изјави Бени вo ова интервју и додаде:

– Скопје одамна го загуби својот идентитет, и престана да биде она што беше: центар на убавото дружење и квалитетен ноќен живот на Балканот.

Беше отворен град за сите, добронамерен кон своите гости и пријатели, сигурна средина и наше маало за сите нас маалските деца кои пораснавме на оваа калдрма!

Ја си го сакам мојот град највише у свет, и не би го мењал за ниеден друг. Никад не го напуштив а можев, ја сум скопско дете и таков ќе останам заувек. Но, моето Скопје се „препричава“ на маса у кафеана и по дома, и останато е таму во легендите.

Ова денес е некоја накарадна грдосија, за која што мислам дека нема лек. Не поради немање пари и услови да се преструктуира, туку ги нема СКОПЈАНИТЕ или бар не има мноооогу малку, недоволно за да се направи нешто а и тоа нешто не се решава преку ноќ!“

И установата Младински културен центар стана дел од пресметките и кадровските решенија на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, објави МКД.мк на својот сајт.

В.д. директорот на МКЦ одбил да го вработи Арбен Шаќири по препорака на Зоран Глигоров, генералниот секретар на Град Скопје, по што веднаш бил сменет, а на негово место бил донесен нов в.д. директор Никола Алексов, дипломиран детектив.

На ваквите неразумни решенија на раководството на Град Скопје се јавија бројни јавни личности, културни работници и редовни гости на културните настани во МКЦ.

Од МКЦ обвинуваат дека се повторно на мета на партиските игри.

„Вчера во попладневните часови актуелниот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев, кој е 36 години дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ.

Беше сменет поради неподлегнување на екстремните притисоци од генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.

Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ, не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција“, велат од МКЦ, а објави МКД.мк

Музичарот Бени Шаќири не се огласи официјално по овој повод, но се знае што прави во овој период. Токму во периодото кога е најактуелен во јавноста, тој продолжува да настапува.

Познат Скопски ресторан објави слика од Бени, тоест реклама за негов настап во Скопје, на 20 јануари како афтерворк забава, од 16.30 часот.

Previous articleВојо Димовски: Паметам кога бев малечок, татко ми „другарски“ го беа предупредиле дека не личи син на директор да оди во црква
Next articleВане Марковски се збогува од важен човек, ќе остане во неговите спомени