Home News Ненад Јовановиќ: Начинот на кој Героски пишува е тенденциозен и опак

Ненад Јовановиќ: Начинот на кој Героски пишува е тенденциозен и опак

Минатиот период, новинарот Бранко Геровски, во колумна на порталот Плусинфо изнесе свои информации за случувањата во СДСМ.

Според него, Зоран Заев имал план, по евентуални предвремени избори, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ би влегле во коалиција, победникот на изборите би го дал премиерот, а Заев би бил претседател.

После Нова година, Зоран Заев на својот профил на социјалните мрежи, ги демантираше ваквите информации:

„Изминативе денови, различни центри (и суетни, и криминални, и комбинации од двете, на кои им се приклучи поранешниот премиер и бегалец од правдата Никола Груевски) ме споменуваат во различни конотации. Од тоа дека ќе сум правел пуч во СДСМ, до тоа дека ќе сум бил кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со заедничка подршка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во повеќе наврати изминатиот период кажав дека немам политички амбиции и би сакал уште еднаш да ги демантирам ваквите инсинуации за мое повторно политичко ангажирање. Јас нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за Претседател на државата.

Како претседател на СДСМ ја обединив партијата. А, обединетиот СДСМ заедно со граѓаните урна режим и тоа баш кога тој режим беше најсилен и најразулавен.

Јас никогаш нема ниту да помислам да го делам СДСМ, ниту да правам некаков си измислен пуч во СДСМ или било што слично.

Доказ за тоа е моето осум и пол годишно раководење со партијата како и државните и изборните победи што ги освојуваше обединетиот и сплотен Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со силното граѓанско општество.
Истовремено, македонската Влада предводена од СДСМ не престана да испишува историски успеси.

Ја внесовме Северна Македонија во НАТО, ги решивме домашните меѓуетнички тензии и поделби, станавме пријатели со сите наши соседи и со целиот демократски свет. Благодарение на политичките на градење пријателство со соседите, но и севкупните меѓународни политики ја добивме Автокефалноста на нашата МПЦ-Охридска Архиепископија, станавме една од трите држави кои ја основаа економската иницијатива Отворен Балкан и започнавме преговори со ЕУ“, напиша меѓудругото Заев во тој статус.

Завчера Героски го прокоментира аналитичарот Ненад Јовановиќ, кој важи за голем поддржувач на владеачката партија и Зоран Заев:

„Овие сплетки што Героски ги лиферува имаат за цел да го демотивираат и разјадат членството и симпатизерите на СДСМ и таа демократска јавност околу СДСМ.

Начинот на кој пак Героски пишува е сугестивен, тенденциозен и опак. Опачината е во тоа што Героски не е повеќе новинар, туку орудие во рацете на најлошите струи во земјата.

Заев си кажа убаво: ниту на памет не му паѓа да прави некакви пучеви, чуда и вражбини во СДСМ.
Вицепремиерот Маричиќ рече: Ковачевски има огромна поддршка и во СДСМ и надвор од СДСМ.

А Геро? Геро не е слободен човек, а неслободни и уценети луѓе можат само тоа: да серат против други луѓе кои не се повеќе активни во партикуларната политика.“

Previous articleИгор: Не сте мрднале од Скопје подалеку, а ни делите памет на нас од дијаспората да се вратиме назад
Next articleОд Бигорски манастир му одговорија на владиката Петар: Маргинална му е изјавата, но сепак е Епископ, па да му одговориме