Home News Најчевска за кадрите на Ахмети: Тие се најсоодветниот репрезент на примитивизмот, незнаењето...

Најчевска за кадрите на Ахмети: Тие се најсоодветниот репрезент на примитивизмот, незнаењето и непрофесионалноста

Демократската Унија за интеграции, првпат од основањето пред повеќе од 20 години, се соочува со посериозни внатрепартиски недоразбирања.

И додека во минатото, ваквите фракции елегантно беа смирувани, сега крилото на Изет Меџити е решено да не отстапи од своите барања, за разрешување на „вечните“ кадри на Алио Ахмети, како Артан Груби и Бујар Османи.

Лидерот на Демократската Унија за интеграции, Али Ахмети, пред неколку дена во Гостивар, истакнал дека како Албанци, решени се да бидат на вистинскиот пат и дека ја промовираат правната држава.

Според него Демократската Унија за интеграции 20 години е на вистинската страна и толку години инвестира во обука на кадри.

„Се гордеам со кадрите кои ни го белеат образот. Ме прават среќен затоа што се огледало на државата, а тоа ме прави неуморен да продолжиме и да одиме напред. Додека зборуваме, Бујар се враќа од Украина.

Скринингот што започна кај нас се прави за земјите кои бараат влез во ЕУ. Членството на земјата во ЕУ е бенефит за идните генерации.

Демократската Унија за интеграции е партијата со најголема внатрешна демократија. Работиме добро и внатре и во институциите.

Нашата цел е зајакнување на државата, економијата и правдата. Почнувајќи од мене, ќе го започнеме ветингот, судството и обвинителството да бидат чисти и правични, со експерти од странство“, рече Али Ахмети.

Оваа негова изјава, ја прокоментира професорката Мирјана Најчевска. Еве што таа напиша на својот профил на социјалните мрежи, каде е многу активна:

„Ова е апсолутно точно. Нема подобро огледало на државата од кадрите на ДУИ.

Тие се најсоодветниот репрезент на примитивизмот, незнаењето, партизацијата, непрофесионалноста, ко рупцијата, кр иминалот, на сил ството, заостанатоста со што се краси нашата држава во моментов. И Али Ахмети нешто да погоди.“

Previous articleВане Марковски се збогува од важен човек, ќе остане во неговите спомени