Home Live Се пресели кај мажот во Швајцарија и се повлече од социјалните мрежи-...

Се пресели кај мажот во Швајцарија и се повлече од социјалните мрежи- што се случува со фолкерката Сани

Слободно може да се каже дека Сани е една од топ трите македонски фолкерки. Сани минатата година беше на турнеја во Австралија каде што буквално може да се рече дека нашата пејачка изгази со настапите.

Пејачката каде и да се појави, прави „лом“ бидејќи сите уживаат во атмосферата која ја прави на настапите.

Сани има традиција, пред или после настапите кои ги има речиси секоја втора вечер да објави слика од нејзиниот изглед. Тоа го направи постојано, а многумина останаа воодушевени од модните комбинации кои Сани ги објавува.

Неколку месеци откако се разведе од Мартин, се рашири веста дека Сани си фатила нов дечко. Всушност, прво Сани објави слика во бикини дека е во Швајцарија и дека се бања во базен.

Па, на наредното стори, можеше да се види дека Сани бакнува некој маж, додека на третото, новиот дечко на Сани објави слична фотографија како ја бакнува нашата фолкерка.

Инаку, Никола е нашинец кој живее во Швајцарија и на неговиот профил стои дека е менаџер на спа хотел во Леукербад, општина во округот Леук во кантонот Вале во Швајцарија.

Првата слика која ја објавија заедно е во надворешниот базен на хотелот каде што е менаџер, и сликата е ептен интресна, Сани и Никола во ст рас -тен бакнеж.

На една од неговите слики на Фејсбук, Никола покажал каква кола вози, и станува збор за добар мерцедес. Иако живеја разделени, тие наоѓаат начин да уживаат во својата љубов.

Потоа, Сани повторно отиде во Швајцарија кај својот сакан и објави слика како и двајцата уживаат на романтична вечера во овој хотел и се среќни заедно.

Но, Сани во Швајцарија не отпатувала сама. Таа таму била со своите две ќерки и со нив споделила стори, и тоа како уживаат во убавините на овој хотел, во термалниот базен.

Инаку, хотелот е со 3 ѕезди, и според Букинг, цената на една ноќ е нешто повеќе од 200 евра за двајца.

Во едно интервју за „Бекстејџ,“ Сани откри дека имала многу непријатни ситуации во нејзината кариера.

„Охо, имав 100.000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис.

Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.

Сани тогаш откри дека добивала и понуди колку пари бара за една вечер. Исто така, фолкерката откри дека нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но дека планира да ја коригира устата.

Од друга страна, атрактиувната кумановка исто така е позната по својот смисол за хумор. Сани речиси редовно споделува досетливи коментари, шегобијни цитати или зјадливи поговорки и тоа најчесто – на своја сметка.

Сани често објавуваше слики со вереникот, а во секој момент се очекуваше таа да облече венчаница, да ја видиме Сани во бело по третпат, а тоа се случи.

Но, таа прво ги изненади своите фанови кога се објави во тајност се омажила, а на Интаграм профилот си го смени своето презиме во Урдаревиќ, повеќе не е Гроздановска.

Сани немаше изјавено ништо за венчавката, но на профилот кај нејзиниот новопечен сопруг, Никола има само една слика со Сани на која изгледаат многу вљубени а во коментар, Јасмин Курузовиќ им напишал:

„Најдобри“, што значи дека приватно се дружат паровите, Никола и Сани, и Јасмин и Сузе.

А Сани сега, откако се омажи за Никола во Швајцарија, од време на време знае да објави по неои стори како си ужива во спа хотелот каде што нејзиниот сопруг е менаџер.

И тоа само повремено, а последен пост на Инста, таа објавила пред еден месец, на 5 февруари кога се венчала со Никола, и потоа ништо.

На Фејсбук може да се најде само нејзиниот официјален профил Сани лајф, на кој не е активна подолго време. Дали ова значи дека нашата згодна и популарана фолкерка ќе се повече од пеењето и ќе стане домаќинка?

Или сепак наскоро својата публика ќе ја израдува со ноз настап, дали во Македонија или а дијаспората, некаде низ Европа, останува да видиме.

Previous articleCнеже Велков откри на колку години ПPВПАТ направила некои вообичаени работи
Next articleВаква елеганција досега не сме виделе кај неа- Ели Танасковска во специјално издание (ФОТО)