Home Live Cнеже Велков откри на колку години ПPВПАТ направила некои вообичаени работи

Cнеже Велков откри на колку години ПPВПАТ направила некои вообичаени работи

Снеже Велков е еден од најпозитивните ликови во нашата јавност. Не е телевизиски активна во моментов, но е популарна на социјалните мрежи, што е интересен феномен.

Со хаштагот „БлескАј“ ги мотивира оние што го следат нејзиниот динамичен ден кој започнува во шест наутро. Мајка е на два сина, и веќе 18 години вљубена во Дарко Велков, според многу нешта различен од неа.

Инстаграмот за Снеже постои за нејзините цели и идеи и не ѝ е извор на заработка, туку задоволство“; објави Женски Магазин во една прилика, а Снеже во ова интервју меѓудругото изјави:

-Дваесеттите си постојат за да бидат токму тоа дваесетти, тогаш можеш да лудуваш, да правиш грешки, да експериментираш, да носиш одлуки за кои и да сносиш последици нешто многу не си засегнат.

Слободен си да си тераш по свое, а и да згрешиш имаш доволно време да ги поправиш нештата.

Во четириесетите пак си имаш одговорности, возраст кога не бива да се однесуваш детски, имаш знаење кое те ограничува да правиш глупости и доволно искуство да не мора да експериментираш.

Од друга страна веќе си изградил некоја слика за себе во околината и добро би било да се држиш до неа или да ја надоградуваш, не бива да се руши.

А ако зборуваме за енергијата ја имам за тоа што мене ми одговара, не си ја расфрлам на неважни работи како порано.

Чувам и живци и енергија само за работи кои навистина вредат. Можеби сè уште се двоумам во тоа што точно сакам ама знам точно што не сакам!“.

Во интервју за Репортер.мк, Снеже раскажа за нејзините почетоци:

-Јас си имав зацртано уште од Каменица, дека јас сакам да работам на телевизија и буквално пешки, нема тука некој да те препознае тука. Имавме, неколку аудиции, ги читав во весник аудициите.

Се појавив, на една, на втора аудиција и на сите ме одбиваа. Бев сигурна дека јас во тоа ќе успеам.

Тогаш имаше агенција за лица, направи Натали Грубовиќ и тогаш јас се пријавив таму, и освен тоа што бараа модели, не можев да бидам модел по што немам ни висина, од нејзината агенција се земаа деца за аудиција.

Адаптацијата ми беше тешка затоа што сепак Скопје е голем град. Буквално, тоа е еден сосема нов начин на живот. Кога доаѓаш тука, првенствено се соочуваш со стравот дека си оставен сам, јас и брат ми сами живеевме тука.

Една од многу битните работи ми беше што секогаш бев прва смена, затоа што ако требаше да одам втора смена и ако требаше да се враќам навечер, си мислев дека некој ќе ме на пад не, и на почетокот си знаев, морам да си ги бројам станиците.

Влегуваш во автобус, и јас си броев и тоа цела прва година средно никаде не мрдав, од страв. Јас уште од тогаш си врзав во крпче дека треба да зборувам литературно и вежбав пред огледало, читав.

Дури се зезам со маж ми, бидејќи тој не знаеше дека сум од провинција, замисли да ти зборев каменички. Бидејќи тој е стар скопјанец, многу е тешко да влезеш во такво семејство.

И му викам, јас тебе те зезнав, се омажив за тебе за лична карта, се шегува Снеже.

Снеже го прослави својот 41-ви роденден и за себе откри многу работи што според неа ги направила доцна.

„Јас сум ви од тие Никад није касно. Она што младите го минуваат многу порано, јас малку покасно го растев и развивав.

Кафе почнав да пијам на 30 години. Прв пат ставив прамени на 32. Станав инструктор по пилатес на 33.  Точак интензивно почнав да возам на 38. Јаже научив да скокам на 39. Јога прв пат вежбам на 40.

Стој на раце направив прв пат на 40 и кусур исто и мост. Што знам може се детски фрустрации може се немало време или се имало страв…

Касно почнав да ги читам тоа мотивационите книги.. За емисија за која мечтаев едно 20 години ја имам сега. На 40 и кусур.

Кај и да е на 50 треба да запалам прва цигара. А на 60 да пробам џо инт. На 70 најверојатно ќе треба да се пропијам.
Ако сум подвижна накај 75 планирам Ластик да научам да играм. Оти тапа бев ко мала. На 80 редно е месо да пројадам.

За тоа што не сум пораснала во висина нема да збориме. Ќе си купам нови штикли и тоа е сѐ.  А овие 41 на тортава?! Мои се. Од денеска.

Ете така. И да не ве слушнам да ми зборувате за тоа како сте закасниле за некои работи,“ напиша Снеже под фотографијата на која ги дувна свеќичките на тортата.

Previous articleМирјана откри што правел Мирослав Илиќ кога дознал дека е бремена: Ми симнуваше ѕвезди, ме гушкаше и ме бакнуваше
Next articleСе пресели кај мажот во Швајцарија и се повлече од социјалните мрежи- што се случува со фолкерката Сани