Home Live Ваква елеганција досега не сме виделе кај неа- Ели Танасковска во специјално...

Ваква елеганција досега не сме виделе кај неа- Ели Танасковска во специјално издание (ФОТО)

Ели Танасковска, нашата позмата новинарка на Македонската радио телевизија, во една прилика за порталот Фешнел изјави дека научила оти животот е големо школо.

И таман ќе си помислиш дека си дипломирал, пак се враќаш во прво одделение. Постојано треба да учиш. Во животот научив дека семејството е најбитната работа, здравјето, среќата…

Треба да имаш голема среќа, оти џабе е се ако немаш среќа. Луѓето околу тебе што ги сакаш, семејството што ти ја дава енергијата, битно е да си ја сакаш работата и да бидеш опкружен со луѓе што те разбираат и да се реализираш.

Само реализираниот човек може да биде среќен. За себе можам да кажам дека во различни периоди од животот сум била различна.

Секогаш во животот ми недостасуваше амбиција. Јас сум од оној тип на луѓе кои што би можеле да направат се, но да бидат втори.

Ќе помогнат се на тој што ќе биде прв и што ќе се искачи на врвот, но никогаш јас да не бидам на врвот. Да бидам некаде во позадината.

Ми се случи еднаш, кога ме праша еден едукатор од Америка за „leadership”, толку многу потенцијал имаш во себе за иновации, за креации, за инвентивност, зошто дојде на овој курс? Реков ми фали амбиција.

Сметам дека немам доволно амбиција во себе за квалитетите кои ги поседувам. За човек кој што зборува 4-5 јазици, има толку специјализации, магистерски, докторат… мене ми е некако поубаво да бидам во сенка.

Да не бидам некако толку напред истурена. Не сум „истурен” играч. Повеќе сум оној семеен човек.

Можеби затоа што татко ми често патувал, мајка ми исто така често патувала, понекогаш со брат ми сме останувале дури и сами на десет годишна возраст.

За мене семејството е навистина света работа. И сега, едната ќерка ми е во Канада, другата исто така три месеци беше таму и многу ми недостасува.

Ми недостасуваат тие моменти на ручеци, зборување, вечерни седенки до сабајле. Еднаш годишно се гледаме. Дали ако дојдат тие или ако одиме ние, одржуваме близина.

Па дури и „скајпот” е одлична работа и постојано сум во тек. Со повеќето од работите сум во тек дури повеќе со ќерката во Канада, отколку со ќерка ми тука.

Но, ми фали да ја прегрнам, да ја стиснам со рака, тоа ми фали многу“, изјави Ели за својата ќерка која има две ќерки, тоест Ели е баба на две внуки.

Ели во истото интервју кажала дека е многу битна самодовербата кај една жена и кај луѓето воопшто.

– Многу битна работа е. Колку човек порано осознае дека ја има или што е тоа што му фали за да ја има самодовербата, толку полесно ќе ги досегнува границите и целите.

Целта ќе биде поостварлива во оној момент кога ќе знаете дека сте сигурен сам во себе. Гледам луѓе околу себе, кои имаат голема самодоверба, а просечни квалитети, а успеваат само поради тоа што зрачат со таа самодоверба што ја носат во себе.

И ги повлекува тоа. Како за раза се шири. Опасн а работа е самодовербата. Некој се раѓа со тоа, некој го учи, некој го стекнува. Јас го поодив потешкиот пат, по заобиколница“, изјавила Ели.

Ели на Фејебук објави една нејзина доста интересна слика, на која изглед одлично- ваква елеганција досега немаме видено кај нашата позната водителка.

Од коса, до штикли, креација која ја облекла, Ели како да се подмладува, а сликана е во студиото на Македонската радио телевизија.

Previous articleСе пресели кај мажот во Швајцарија и се повлече од социјалните мрежи- што се случува со фолкерката Сани
Next articleОливера Балашевиќ го освои Ѓоле со само една реченица- во тој момент си решил: Ќе ми биде жена- готово!